8 знаци дека те зароби емоционален манипулатор

Многумина од нас го препознаваат непријатното чувство кога сме изманипулирани. Но, емоционалното влијание може да биде моќен алат, а некои луѓе активно го користат. Еве мала помош да препознаете дали сте уловени во замката на емоционалниот манипулатор.

1. Ја нарушува твојата сопствена верба и твојот здрав разум. Емоционалните манипулатори се неверојатно талентирани лажговци. Тој ќе те увери дека ништо не направи, а ти го виде дека тоа е негово дело или ќе тврди дела нешто кажа, а ти добро знаеш дека не кажа. Најлошо од се’ дека тие така добро лажат, што почнуваш да се сомневаш во сопствениот разум. За да го избегнеш тоа, кажи дека проблемот е во твојата глава, а тоа е нивниот омилен начин на победа.

2. Нивните акции се контрадикторни со нивните зборови. Емоционалните манипулатори ќе кажат што другите личности сакаат да слушнат, а нивните постапки се сосем друга приказна. Тврдат дека секогаш ќе помогнат, но подоцна ќе тврдат дека твоите барања се неразумни.

3. Го злоуптребуваат твоето чувство на вина. Емоционалните манипулатори ќе го искористат твоето чувство на вина во нивна корист. Кога ќе му ги кажеш своите неволји, чувствуваш вина што го мачиш со нив, а ако сепак не му кажеш, повторно одвнатре те гризе што нешто му премолчуваш. Манипулаторите ќе те уверат дека тоа што го правиш е погрешно и за сите проблеми што ги имаш си сама заслужна.

4. Се преправаат дека се жртви. Емоционалните манипулатори никогаш не се виновни за ништо. Без оглед на тоа што прави лошо, секогаш е некој друг виновен (веројатно ти). Ако си лута и нервозна, тоа се твоите нереални очекувања; ако е манипулаторот изнервиран, повторно си ти за неговото однесување виновна. Емоционалните манипулатори никогаш не прифаќаат одговорност.

5. Манипулаторот секогаш ги забрзува работите. Без оглед на тоа што е во прашање, приватно или службено, манипулаторот секогаш брза некаде однапред. Тие делат важни вести пребрзо и го очекуваат тоа исто од тебе. Тие делуваат ранливи и чувствителни, но тоа е местенка за да се чувствуваш покрај нив посебно и да им станеш поблиска. Почнуваш да се чувствуваш лошо поради тој манипулатор, а како резултат на тоа, ќе превземеш одговорност за нивната емоционална состојба.

6. Тие сакаат да помогнат за да можат подоцна да глумат маченик. Нивната иницијална желба за помош, бргу се претвора во кукање, плачење, приговарање за многу работи и воздишки. Целта на ова е да почнеш да се чувствуваш дека нему нешто му должиш.

7. Тој секогаш се чувствува полошо од тебе. Без оглед на потешкотиите кои ги делиш со манипулаторот, тој секогаш ќе каже дека нему му е уште потешко. Тој никогаш нема да заборави да ти спомне дека неговите проблеми се далеку полоши од твоите, така да немаш причина да се жалиш.

8. Тој ги познава твоите слабости и ги користи против тебе. Ако не ти се допаѓа моменталната килажа, тој секогаш ќе најде примедба на твојата исхрана или облека. Манипулаторите читаат сечии емоции многу лесно, но тие само ја користат оваа вештина, за да ја контролираат личноста без да им помогнат да се чувствуваат подобро.

извор: zdravaisretna

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: