Бидете жена која не се грижи што ќе кажат другите

Многу е тешко да се живее кога се грижите што ќе кажат другите. Мора постојано да се прилагодувате на туѓото мислење, на туѓите ставови. Личноста која се обидува да им угоди на другите, паѓа под туѓа контрола. Прифати се себеси таква каква што си: Не постојат совршени луѓе. Не верувајте на се’ што гледате по социјалните мрежи. Сите се обидуваат да ја покажат идиличната страна од својот живот и да сокријат се’ она што е лошо.

Прифатете се себеси и својот живот онаков каков што е и потрудете се да ги истакнувате само добрите страни од се’. Правете она што ве прави среќни. Фокусирајте се само на она што ви е важно и што ве интересира. Правете она што ве прави среќни, бидејќи секако не можете да им угодите на сите околу себе.

Престанете премногу да се извинувате. Секогаш треба да бидете отворени за критики и да го согледате своите грешки. Но, не мора секогаш да се извинувате за се’. Не се извинувајте за се’ што кажете, а мислите така. Кој не го прифаќа вашето мислење и кој ќе се навреди на него, тоа е негов проблем.

Зборувајте за себе на позитивен начин. Ако кон себе се однесувате со љубов и почитување и други кон вас ќе се однесуваат на ист начин. А кога личноста лошо мисли за себе и другите ќе си дадат за право да ве понижуваат. Престанете да се правдате Можете понекогаш да слушате совети и критики, но тоа не треба премногу да влијае на вашиот живот.

Мора да ја зголемите својата самодоверба. Работете на себе! Ако имате проблем со довербата, мора да ја поправите. Помалку слушајте ги другите: Секогаш ќе има луѓе кои наводно многу подобро знаат како треба да се однесувате, а како не. Но, вие сфаќате дека вашиот внатрешен глас е единствен водич кој треба да се слуша.

Пратете го својот ритам. Вие самите го бирате својот пат и мора да се држите до него. И не дозволувајте поради другите да се загините. Мора да бидете подготвени на фактот дека секогаш ќе има грешки, но од нив мора да учите, а не да очајувате и да го менувате својот пат.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: