Бомбардирање со љубов е многу суптилна техника на манипулација со цел да ве натера да се вљубите во некој. Таа вклучува неконтролирано покажување на љубов и наклоност кое не одговара на стварниот момент во врската. Како навреме да се открие оваа појава?
Бомбардирање со љубов е концепт кој се создаде 70- те години од минатиот век, но стана популарен во последниве неколку години. Тоа е многу суптилна техника на манипулација која се заснива на ‘изливи’ на љубов и наклоност за да се вљубите во некој. Оваа техника обично ја применуваат луѓе на кои им е ‘потребен’ некој друг за да се чувствуваат добро и кои се склони на љубомора и зависност, барајќи другата личност да се вљуби во нив.
Бомбардирање со љубов значи константно ‘исфрлање’ на нереална количина на љубов на почетокот на врската. Денес тоа значи ‘ловење’ на личност во која сме вљубени. Најчесто ова го применуваат луѓето кои се несигурни и кои сакаат да ја намамат и ‘уловат’ својата жртва во ‘мрежа’. Преку бомбардирање на личноста со љубов, внимание и наклоност. Обично се работи за прекумерно и прерано покажување на љубов, кое има за цел, освен привлекување на другата личност, да и’ се даде до знаење дека љубовта од другата страна е безусловна.
Знаеме дека постојат врски кои се развиваат побргу од другите, дека постојат луѓе кои многу бргу се занесуваат и дека нивното темпо може да изгледа брзо. Понекогаш се случува и кога двата партнери чувствуваат дека работите одат супер и пополека се препуштаат, па така и врската напредува со брзи чекори. Меѓутоа, бомбардирање со љубов е нешто сосем друго; во претходните случаи зборуваме за нешто што е обично взаемно и што се развива природно. Од друга страна, бомбардирање со љубов е техника која личноста ја развива и користи намерно. Односно, личноста се обидува да ја заведе другата личност и се ‘лепи’ за неа преку свесно дејство за да ‘падне во нивната мрежа’ или дури во екстремни случаеви, целта е да се создаде одредена зависност за него или неа.
Значи, ова не е нешто што се случува ‘природно’ како последица на љубов, туку нешто што произлегува од лични недостатоци, несогурности, ниска самопочит или потреба другиот да се ‘фати’ како дел кој не’ довршува или дополнува. За да ја избегнете нивната мрежа, најдобро е да верувате во своите инстикти во првата фаза од врската; ако ги применуваат работите кои не ви одговараат, застанете ги и не ги игнорирајте
извор: exploringyourmind.com
Leave a Reply