Никогаш не е доцна да го промените својот живот, повторно да почнете да живеете подобро и по свои правила.
‘Доста ми е од сите обврски, од се’ сум уморна. Сакам да станам независна и слободна, иако имам 55 години, семејство и обврски. Сите постојано нешто бараат од мене. Сето свое време им го посветувам на другите, практично немам ниту минута за себе.
Моите пријателки се претворија во себични очајнички, иако мислам дека отсекогаш било така, ама дури сега ми се отворија очите. Па, дали е добро што сеуште ги слушам нивните празни трачеви, а тие мене никогаш? Секој треба да се сака, но најмногу само еден- самиот себе. Никој нема да ме вреднува и разбере подобро од мене!
Забележувам дека моите врсници воглавно разговараат за работи кои мене лично не ме интересираат. Сфатив дека на другите ама баш не им е гајле за моите потреби. Ова сознание ми дојде со текот на годините, кога сфатив дека е многу полесно да се живее кога туѓите желби не ги земаме на срце!
Сега со сигурност можам да кажам дека добро се чувствувам сама! И не ми треба никакво друштво. На крајот сфатив дека сопругот и јас немаме исти интереси. Но, тоа го прифатив. Ги гледам своите омилени ТВ емисии, книгите можам да ги читам го тишина. Јадам она што сакам, а не она што сакаат моите деца и сопругот.
Ја пронајдов својата внатрешна хармонија, не ги трошам своите животни ресурси на други. И забележав дека почнав повеќе да се смеам. Сигурна сум дека осаменоста е убава. Моето време истекува, а сега сакам да живеам за себе, да се грижам за себе и да живеам по свои правила.
извор: pult24.info
Leave a Reply