Жената никогаш нема да се умори од љубовта- ќе се умори од животот и лагите

Жената никогаш нема да се умори од соништата, од надежите, од верувањата, но лесно ќе и’ досади животот во лаги. Не постои маж на светот кој може да ја измери женската љубов, трпението и надежта, како што никој не може да ја разбере женската болка.

Не си оди таа од гордост, ниту да докаже дека може да замине, таа заминува бидејќи ја боли кукавичлукот. Се сеќаваш како те молеше да не ја лажеш? Можеби да, а можеби не? Таа повеќе не бара одговори како некогаш. Доста и’ е од разоткривање на твоите лаги кои ги бранеше со цело свое битие. Ја стави сета своја љубов пред тебе, човекот кој ја лажеше и кој ја повреди како никој до сега.

Нема поголем грев од повредена жена и кога ќе и’ нанесеш болка и тага. Жената е симбол на жртва, но и победа. Жената може да ви биде најголем подарок или најголемо проклетство. Ти си тој кој бира што од тоа ќе разбудиш во неа. Лагата не е ништо ново за жената, но запомни дека таа секогаш ќе знае кога и’ лажеш, жените тоа ќе го почувствуваат и ќе го видат во своите очи.

Ќе знае, но сепак ќе остане и ќе ти даде прилика да и’ ја кажеш вистината. Ќе ти даде многу шанси за да се искупиш, но кога еднаш ќе одлучи дека е доста, доста е. Кога еднаш ќе се умори од лаги, повеќе не постои начин да ја задржиш покрај себе. Жената ќе те сака неограничено и безусловно, дури и ако наместо мед на нејзините усни тивко спие пелин, но кога ќе се умори од животот во лаги, таа ќе замине. Ќе замине без да се предомисли, во нов живот и нова потрага за маж кој ќе ја сака онака како што таа заслужува и оној кој нема нивниот однос да го гради на лаги и измами.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: