Нашите животи се испреплетени. Логиката диктира дека сите влијаеме едни на други. Но, каде е линијата кога престануваме да бидеме она што сме (изневерени од себе) и што се случува тогаш? Што значи она фамозното биди она што навистина си?
Вие сте она што сте кога не мора да ги прилагодувате своите ставови на другите, бидејќи сте уверени дека тие го знаат тоа најдобро. Кога сте она што сте, односно верни на себе, мислењето на другите ви станува важно како ланскиот снег. Вие сте сопственото јас кога ќе сфатите дека никој не ви аплаудира за вашите достигнувања и тогаш кога знаете дека нема да ве бодрат на патот кон остварувањето на своите соништа; мора да ги заштитите и да ги негувате како да ви се најсветлото богаство.
Вистинскиот живот почнува кога ќе почнете да го земате она што другите ќе го кажат со доза на внимание, било да ве фалат или кудат. Чудата почнуваат да се случуваат кога сето тоа ќе го сфатите. Но, тоа е долг и мачен процес и бара многу време и труд.
Вистинскиот живот почнува кога ќе престанете да ги привлекувате луѓето докажувајќи им го својот статус, образование, религија, интелигенција итн. и кога ќе сфатите дека постои шанса, дека луѓето во некој момент, ќе почувствуваат иритација, бидејќи вашата ‘помпа’ само го храни вашето его- ништо повеќе! Јакнењето на егото само ќе ја поремети рамнотежата на вашата душа, бидејќи со време ќе барате се’ повеќе и повеќе. Вашето его станува се’ погладно. Тоа значи дека ќе сакате уште повеќе да му угодувате на луѓето давајќи им повеќе, само да ве пратат и да одобруваат се’ што правите. Со секој момент кој поминува ќе се прашувате зошто тоа го правите, кога тоа не ве прави среќен човек, всушност прави да се чувствувате уште полошо.
Вистинскиот живот всушност почнува кога повеќе не мора на сите да им го давате своето одобрување. Кога конечно тоа ќе го научите, ќе се запрашате зошто ви требаше толку време да донесете една одлука. Не го дозволувајте тоа. Заземете го своето место на чело на својот живот. Не мора да победите во сите битки. Убавината е во борбата- во борбата за вашиот автентичен живот.
Leave a Reply