Лоша врска е нешто најлошо што жената може себеси да си дозволи. Виновна е ако свесно останува. Оваа мисла ми падна на памет кога размислував за животот и почувствував огромна празнина во себе. Се чувствував толку лошо, така болно и толку долго траеше тоа чувство што помислував дека светлината на крајот на тунелот не постои.
Се обидував да откријам зошто грчевито се држам за човекот кој ме прави несреќна. Очајнички посакував саканата личност да се промени, да се разведри и сонцето повторно да светне. Вистината беше дека само се плашев да го пуштам. Се плашев на помислата дека повеќе нема да сретнам никој како него. Се лажев себеси со мислата дека силната љубов не’ врзува. Но, тоа не беше вистина. Беше тоа отровна љубов која ми ја уништи душата.
Сфатив дека тоа чувство ме влече се’ подлабоко и подлабоко, така да единствениот спас беше да побегнам што подалеку…Бев свесна дека ќе боли кога ќе заминам. Всушност, толку вложив во оваа љубов, толку енергија, време и сила… Едноставно не можев да се откажам после се’ ова! Всушност, не сум една од оние кои се откажуваат без борба! Но, повеќе не можев да останам со него.
И одлучив храбро да погледнам во огледалото на своите стравови, што ја парализира мојата волја. Одлучив животот да го продолжам без него. А потоа увидов дека не е се’ така застрашувачки. Сега сум сама веќе подолго време и никогаш не бев помирна. Го пронајдов балансот, хармонијата.
Ако чувствувате дека ништо не ве држи во врската или бракот, тогаш заминувајте. Бидејќи животот со човекот со кој немаш ништо заедничко е поболно од заминувањето. Не се мачете. Никој не е достоен за вашите солзи. Знам колку е болно, ужасно тешко, но собери малку храброст и оди си. Тргнувај напред и не се враќај! Верувај во својата интуиција. Всушност, долго те наговараше на таа одлука, зарем не?
Кој е доволно храбар да ја побара среќата, таа секогаш ќе те пречека!
Leave a Reply