Зошто тој повторно ќе направи се’ исто?

Тој или таа, не е важно. Земете лице кое вам ви одговара.

Се случува ситуација во живот кога имаме некои луѓе кои многу ги сакаме и затоа им толерираме сешто. Понекогаш е тоа груб збор кој во нечие срце длабоко забраздува, оставајќи траг кој не може така лесно да зарасне.

И понекогаш тие луѓе ќе ни кажат сешто, понекогаш и ние реагираме со одмазда. Некогаш во толкава мера сакаме некој, а при тоа се запоставуваме себеси. И достапни сме 24 дневно. Често се случува таа другата страна воопшто да не гледа што прави, некои не се способни ниту да видат. Барем не додека се прави оваа штета.

Можеш да останеш, да веруваш во тоа дека тој нема повторно да направи исто, но за жал ќе го направи. Се’ додека таа личност не се одлучи за промена…а промена? Промената подразбира дела, не само пусти зборови.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: