Кога во животот се’ ни оди од рака, кога сме добро материјално и финасиски ситуирани, кога односите ни се средени, работиме тоа што сакаме, не е ли природно, нашето животно искуство да се одрази на нашите мисли?Мислите и чувствата кои ги пратат таквите околности природно се позитивни, бидејќи одговараат на нашата внатрешна состојба и затоа што се последица на животот кој го живееме, а не некое наше посебно барање.
Кога во животот ни е тешко, се соочуваме со болест, некоја загуба, навреда или разочарувања, нели е малку апсурдно по секоја цена да се форсира некое позитивно размислување кое нема реално усмерување, затоа што со тие мисли ги потиснуваме своите вистински чувства кои порано или подоцна ќе пламнат некаде и ќе остават многу поголеми последици, како бег од стварноста, страв од соочување со вистината и пикање на главата во песок пред проблемите.
Тоа не значи дека во тешките моменти целосно ќе се предадеме, туку реално ќе ја согледаме ситуацијата во која се наоѓаме. Тажниот човек ќе ја одреагира својата тага, бесниот својот бес, човекот кој нешто изгубил ќе одреагира на својата загуба и нема да ја мести својата насмевка на лицето како ништо да не се случило, односно како да се случуло нешто прекрасно, нешто што посакувал.
Има човекот попаметна работа од позитивните мисли, а тоа е да види каде се наоѓа и да се преоспита зошто се нашол во таква ситуација, и кои се првите чекори кои треба да ги направи, за неговата состојба да се подобри, а неговиот живот да се промени.
Има човекот попаметна работа отколку да глуми среќа, а тоа значи реално да го согледа својот живот и да сфати дали можеби си поставил преголеми очекувања, погрешни цели, дали прави погрешни потези.
Кога сето тоа ќе го сфати тогаш вистинската промена доаѓа од внатре а не од некои позитивни мисли.
by Рита
Leave a Reply