Кога те видов со друга, секој нормален ќе рече дека тоа е ‘клик’ кој ми треба, а тоа значи автоматски ќе изчезне мојата вљубеност и ќе тргнам напред со својот живот, бидејќи знам дека заслужувам подобро. Ама…тоа проклето ама.
Не, не се случи тоа. Не се случи да престанам да те сакам, дури и кога видов дека заради неа се промени, а поради мене не сакаше. Ми рече дека престана да пушиш, се насмевна и рече дека се случи преку ноќ. Дури подоцна дознав дека престана поради неа. Ја покани на патување со пријателите, а мене никогаш не ме повика. Ја поддржа во активностите во кои таа учествува, а никогаш со мене не беше на било кое мое случување. Ја вклучи неа во својот живот повеќе отколку што тоа го направи со мене.
Но, надежта е сеуште силна. Библијата вели дека љубовта е трпелива, љубовта е мила- но исто тоа го вели кога е време љубовта да ја пуштиш, онаа за која цврсто се држиш. Ја пушташ во рок од неколку дена или тоа ќе трае со месеци?
Што ако- без оглед колку луѓе ти зборуваат да пуштиш и без оглед колку и да се трудиш да пуштиш- едноставно тоа не можеш да го направиш? Понекогаш е тоа константна борба. Срцето ти зборува ‘ама јас го сакам’ а умот ти вели ‘ не е вреден за тоа, заслужуваш подобар’ Што ќе одбереш?
Одамна се зборува дека цврста и искрена љубов, може да го издржи тестот на времето и ништо и никој не може да ја разниша. Но, доаѓа време кога мора да запреш, да навлезеш длабоко во себе и да се запрашаш- дали оваа љубов е навистина вредна? Понекогаш ќе мора да дојде момент во животот кога љубовта ќе мора да ја напуштиш за да се заштитиш себе.
Leave a Reply