Во текот на животот често ќе се случи да ви недостига личност која претходно ја отуѓивте: тоа може да се случи и после многу години, кога тоа најмалку го очекувате, што е нормално. Тоа веројатно е личност со која сте делеле дел од својот живот: семејство, пријатели или дури партнери. Поради ова жалење можеби повторно ќе посакате да го вклучите во својот живот, но тоа ќе биде голема грешка.
Кога ќе ве нападне носталгија, обидете се да се фокусирате на тоа зошто се одлучивте да ги тргнете овие луѓето од својот живот. Денес би требало да бидете во состојба да му одолеете на искушението да ги повикате за да ги слушнете како се, што прават во животот. Запомнете, ако го направите тоа нема да постигнете ништо позитивно за својот живот, ќе доживеете некоја врста на нова жалост.
Во најлош случај, можете да одлучите да им посакате добредојде на тие личности во својот живот мислејќи дека работите никогаш нема да бидат исти: за жал, луѓето ретко се менуваат на подобро, па мора да бидете внимателни. Секако, постои и можност овој пат работите да тргнат и по добар пат, но тоа се бескрајно мали можности.
Секако, недостасувањето е прилично непријатно чувство бидејќи немате можност да го тргнете. Чувството на носталгија по нешто, значи дека тоа не можете да го имате покрај себе. Недостигањето и носталгијата исто така можат да бидат сензации за некое време. На пример, можете да уживате во спомените за добрите стари времиња во кои уживавте заедно. Нема смисла да се фрли позитивното чувство само затоа што таа личност повеќе не е покрај вас, во сеќавањата работите стојат поинаку.
Давањето пак на соодветна тежина на негативните аспекти на вашата врска исто така ќе ви помогне да го превземете следниот чекор, а тоа е да сфатите дека ако таа личност не е покрај вас, постои специфична причина. Секоја личност со која се забавувавте во животот ќе ви донесе нешто: нови емоции, знаење или искуство. Од таа причина е важно да се запомнат позитивните моменти поминати заедно. Но и дека во некој момент во вашата врска нешто може да пукне.
Leave a Reply