На жената не и’ треба херој, и’ треба само некој да ја сака

Секоја приказна која има среќен крај започнала со принцеза која треба да биде спасена и принцот кој е на крајот херој. Но, така не изгледа вистинскиот живот. Во стварноста немаме дворци и вили. Во стварноста не сме принцези. Ние сме силни девојки кои не треба да бидеме спасени. Се навикнавме да се бориме за се’ што сакаме во животот. И тоа е во ред. Ни се допаѓа кои сме и тоа нема да се промени. Не ни треба принц кој ќе не’ спаси. Не ни треба херој. Ние сме сопствени хероини. Само треба да бидеме сакани.

Да се биде алфа жена која има се’ под контрола не е така лесно. Всушност многу е исцрпувачки. Треба повремено да се одмара. Без полнење на гориво не може добро да функционира. Додека ја замислуваат својата иднина, навистина е тешко да замислат некој покрај нив. За некои тоа е речиси невозможно.

Многу мажи кои ги сретнале ја застрашиле нивната личност. Едноставно сакаат да бидат херои за своите девојки. Сакаат да се чувствуваат дека се решение за сите нивни неволји. Па, жал ми е што тоа ви го зборувам, но вистина е дека единствено ни е потребна љубов. Гледате дека не бараме многу. Потребно ни е само раме за плачење кога сме многу уплашени од се’. Ни треба некој да не’ држи за рака и да не’ одведе на пица. Ни требаат мажи кои се среќни што не’ имаат во своите животи. Само сакаме да изгледаме како да сме нечие ремек- дело.

Да бидеме реални тоа е сон на секоја девојка. Ако не сте подготвени да ја сакате својата девојка и да ја држите за рака низ се’ што планира да направи, направете чекор назад. Подготвена е да во даде поддршка која ја очекува од вас. Треба да и’ бидете маж на кој може да смета. И’ треба некој кој ќе се смее со неа, ќе плаче со неа и ќе биде на оние места на кои никогаш не била. Таа треба од време на време да ја почувствува таа искра на љубов. Треба да се чувствува жива. Дури и силните жени се понекогаш слаби. Само гушнете ја и кажете и’ дека се’ ќе биде во ред. Тоа е се’ што и’ треба.

Дали бара премногу? Не мислам така. Но, понекогаш на мажите им е тешко тоа да им го дадат на девојките. Сите овие жени бараат да бидат сакани, но нивните мажи повеќе сакаат да бидат нивни херои и да прават сјајни гестови без никаква смисла. На овој свет не постои жена која ќе прифати ваква врска. Суштината е дека не сте алфа маж и немате никаква врска со алфа жена. Ако не сте свој сопствен херој, како што е таа, тогаш можете да заборавите на неа. Нема да се согласите за ништо помалку од она што заслужува. Ако сте подготвени да ја сакате онака како што треба да се сака, подгответе се со неа да го поминете сето време од својот живот.

извор: infpult.info

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: