Оние што ве копираат потајно ви завидуваат: 8 знаци дека некој е љубоморен на вас

Ако некој се однесува грубо кон вас, не го сфаќајте тоа лично. Можеби едноставно е љубомора во прашање. Нема на секој да му се допаднете и не можете ништо да направите по тоа прашање. Љубомората е многу силна емоција. Може да направи луѓето поради тоа да направат многу луди работи. Дали некогаш се запрашавте дали е некој љубоморен на тоа како вие изгледате или на некој друг сегмент од вашиот живот? Постојат некои одредени начини да забележите дали некоја личност е љубоморна на вас врз основа на вашиот изглед или не. Обрнете внимание на овие знаци.

Почнуваат да го копираат вашиот стил на облекување: Веројатно сте слушнале за клише изразот дека имитацијата е најдобриот облик на улизување. Но, во овој случај личноста која ве копира е љубоморна како вие изгледате и се обидува да ве надмине во вашиот стил на облекување и ако тоа не им е паметно да го прават. Сакаат да го ‘ублажат’ тоа како добро изгледате: Ќе се обидат на сите можни начини да те засенат.

Им зборуваат на другите луѓе дека не изгледате убаво: Првата работа која ќе се обидат да ја направат е да кажат дека не сте убави. Ќе се обидат да ви дадат до знаење дека не сте убави само затоа што тие така мислат и што се обидуваат и другите да мислат како нив.

Себеси секогаш ќе се стават на прво место: Ова им е сјајна тактика, бидејќи пред другите луѓе и пред вас, себе ќе се величаат и на тој начин ќе се обидат да ви дадат до знаење дека тие се подобри од вас. Секогаш ќе бараат начин да ве понижат. Ако сте самоуверена личност и имате висока самодоверба, тие тоа сакаат прво да ви го уништат бидејќи сметаат дека со загубата на тоа ќе престанете убаво да се облекувате и да изгледате полошо од нив.

Ќе ви даваат лоши совети: Постојат луѓе кои едноставно се толку лоши што сакаат само да ве видат на дното. Во вакви ситуации ќе се обидат да ве советуваат да ја смените фризурата на начин на кој не ви стои или да купите некое парче облека кое не е ваш стил или не ви стои.

Цело време ќе се натпреваруваат со вас: Секогаш кога некој ќе се обиде да се натпреварува со вас за било што, тоа може да биде само поради тоа што чувствуваат дека сте вие подобри во нешто од нив. Обично тоа се случува ако почувствуваат дека вие имате силен карактер или дека сте поинтересни од нив во друштвото, тогаш почнува да работи нивната љубомора и почнуваат да се натпреваруваат со вас кој ќе остави подобар впечаток во друштвото.

Ќе ве мразат без некоја посебна причина. Кон вас секогаш ќе бидат дрски и безобразни и отворено ќе ви покажат дека ве мразат и тоа е сигурно само поради тоа што сте поубави од нив.

извор: www.freepik.com

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: