Таа ќе се оддалечи од тебе за да се исцели

Исцелувањето е процес. Работите не се завршуваат туку така, за туку така да го прифатите крајот. Излекувањето е процес. Ви треба разбирање зошто нешто не се случи онака како што си замислувавте. Потребно е да научите дека некои луѓе едноставно не ви се наменети.

Лесно е тоа во главата. Можете нешто да изговарате постојано, но кога е спротивно од чувството во срцето, како да нема смисла. Да се расчисти помеѓу она за што знаете дека е правилно и она што посакувате да е правилно, значи дека сте заглавени во пеколот со желба да го вратите времето кога работите беа поинакви. Таму каде можностите се чинеа стварни.

Одеднаш сфаќате дека следните чекори кон иднината се оние кои треба да ги превземете сами. Значи, мирувате и не знаете каде да одите. Тоа се нарекува процес на лечење. Да се сака некој, но доволно да го сакате за да го пуштите. Дури и кога тоа не ви паѓа ниту на памет.

Тогаш доаѓа прифаќање. Поради работите кои не можете да ги промените, присилени сте да тргнете напред. Најтешката лекција која некогаш ќе ја научиме е кога да пуштиме нешто, а кога да дадеме шанса.

Огромна е тагата кога ќе станете странец со некој кој ве познава подобро од мнозинството. Поголема е тагата да се обидувате да задржите некој кој не ви е наменет. А најголема тага од сите да се изгубите себе поради некој друг.

извор: thoughtcatalog.com

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: