И сфати дека се’ што е за тебе ‘скроено’, ќе го најде своето место во твојот живот

Како што веројатно знаеш, во своето срце, не можеш да манифестираш иднина каква сакаш, ако премногу го држиш минатото, кое треба да го пуштиш.

Ако постои врзување за личност, идеја, предмет или искуство кое одамна го нема во твојот живот, помири се со фактот дека тоа едноставно не е судено и на тој начин, многу ќе го поедноставиш својот живот.

Една работа која може да помогне во тој процес е создавање попис, од поуки, кои се создале кога нешто сме изгубиле, пропуштиле, плачеле, за да знаеш дека болното и тешко искуство, не се случило залудно.

Отпушти се’ она што не ти носи ништо добро во животот. Отпушти она што не можеш да го контролираш. Отпушти го стравот. Отпушти го сомнежот дека не си доволно добар. Отпушти ги старите односи. Отпушти го чувството на немоќ, не дозволи негативноста да биде централен фокус на твојот живот.

Отпушти го чувството на пораз. Отпушти ги пропаднатите планови. Отпушти се’ што не ти е судено за тебе. Напушти ги луѓето, мислите, чувствата, кои не се твои, а ги задржуваш. Кои не ти даваат надеж. Кои не те тераат да бидеш подобра личност или не те инспирираат да станеш по падот.

Отпушти ја невозвратената љубов или невозвратеното почитување. Отстапи од она што не можеш да промениш или да поправиш.

И сфати дека се’ што е за тебе ‘скроено’, ќе го најде своето место во твојот живот со тек на времето.

by Рита

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading