1. Таа многу размислува и има сложен ум. Умот на оваa жена работи нон- стоп. Затоа понекогаш во главата смислува сценарио кое нема никаква врска со стварноста. Но, вистината е дека оваа жена премногу размислува и претерано ги анализира работите, бидејќи е тоа одбранбен механизам. Тоа го прави за да се заштити од болка.
2. Таа го цени вашиот труд, но тоа не е тип на жена која можете да ја задоволите со раскошот и скапи подароци. Таа е жена која сака едноставни работи во животот. Ги сака вашите СМС пораки како ‘Добро утро, како си? сака да го види вашето лице и начинот на кој се чувствувате.
3. Таа ќе ве предизвика. Таа не е жена која ќе се смее на секоја ваша шега. Нема да прави и зборува работи за да ви се допадне. Поради тоа ќе ве предизвика да дадете се’ од себе и ќе ве турка напред за да станете своја најдобра верзија.
4. Таа поседува едноставно и вистинско срце. Кога е вљубена, сака безусловно. Нејзиното срце е чисто и искрено. А понекогаш, поради длабочината на својата љубов, ќе биде повредена бидејќи сака да му верува на луѓето.
5. Таа е добар слушател. Нејзиното добро срце ја прави да биде добар слушател. Исто така знае дека комуникацијата е неопходна ако сакате да имате добар и здрав однос. Затоа, не се воздржувајте да разговарате со неа за се’. Таа е неверојатен соговорник и дава прекрасни совети.
6. Со неа може да биде тешко да се носите. Да, може да биде тешко, но кога еднаш ќе се вљуби во вас, ќе биде само ваша. Таа ќе ви биде најдобар пријател, љубовник, доверлив партнер и ваша најголема поддршка.
7. Никогаш нема да прифати врска без страст Со неа е секогаш се’ или ништо. Се знае себеси, има свои стандарди и нема да се задоволи со помалку од тоа. Единствена работа на која нема да се согласи е врска без страст. Ако во животот имаш таква жена, добро да ја чувате, бидејќи е таа вистинско богатство.
Leave a Reply