Понижувањето е најголема психотраума. Како да се заштитите?

Најтешка психотраума е понижувањето. Мозокот може да преживее многу работи. И од се’ може да извлече некое искуство кое ќе помогне во иднина. Меѓутоа, мозокот не може лесно да премине преку понижување. Психологот Ана Кирјанова даде добар опис.

Понижувањето е поинакво- тоа е реакција без одговор. Да понижите можете само ако личноста не може да одговори (реагира) на адекватен начин. Затоа многумина ги понижуваат децата и оние кои се присилени да молчат и да го толерираат понижувањето. Понижувањето е страшна работа- после понижувањето многу пати доаѓа до тешки ментални пореметувања и дури самоубиства. Дури и ако е психата силна, ‘талогот’ на понижувањето останува во животот. А личноста е подготвена да направи се’ за да заборави, бидејќи е тoа тешка и болна психотраума.

Понижувањето, за жал се случува секаде. Единствен начин да се соочите со понижувањето е адекватен одговор. Не се предавајте на милост и немилост на оној кој ве понижува. Дури и ако зависите од тие луѓе, сеедно одговорите мирно и адекватно. Затоа што парите и мирните односи не ја компезираат траумата на понижувањето, таа останува засекогаш. А што повеќе ве понижуваат, вашата самодоверба треба да се зголемува, а вие мора да се заштитите.

Слушањето на навреди никогаш не е прифатливо. Оние кои понижуваат се кукавици и во суштина дволични луѓе. А малку е веројатно дека ќе имат храброст да продолжат со понижување, ако забележат дека умеете да се одбраните. Штом ќе има одговор, нема да има понижување, во тоа е трикот. Нема потреба да тежите кон некоја победа. Нема потреба да се карате. Направете ја својата позиција ‘удобна’, мирно одговорете на понижувањето и не се вознемирувајте’.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: