Нема да се менувам поради тебе. Не барај од мене да бидам послушна, послаба, да се откажам од своите страсти за да можам да застанам во твоите празни простори.. Ми се допаѓа она што сум, така да, мора да ме прифатиш со сите мои нијанси, бидејќи тука лежи мојата среќа и интегритет.
Стручњаците ни кажуваат дека сме склони да ја менуваме нашата личност во одреден момент по три причини: за да се прилагодиме на одредена околина, да постигнеме цел или за да избегнеме нешто што не сакаме или од што се плашиме. Верувале или не, ова може да се случи и во многу романтични врски.
Не се обидувајте да се менувате поради некој кој за вас не би направил ниту еден чекор напред. Не се откажувајте од своите соништа за да ги живеете соништата на другите. Инаку нема да се препознаете во огледалото. И денес постојат луѓе кои веруваат дека кога сте во врска треба да се откажете од се’ поради другите личности. Без отстапување. Во такви ситиации многу луѓе малку по малку ‘ стружат’ по својот карактер. Тие се обликуваат според своите партнери. Кога ќе се откажете од себе, губите. Кога ќе промените она што ве дефинира за да го усреќите својот партнер, престанувате да бидете свои. Затоа таква врска не е ништо повеќе од фарса, предодредена за неуспех. Еден доминира, а другите носат маска која го крие нивниот вистински идентитет. Не дозволувајте ова да ви се случи.
Не сакам да се менувам поради тебе, сакам да растам со тебе. Личноста е психолошка конструкција која ја градиме низ својот живот и низ своите искуства и се’ што ни се случува. Сите сме збирка на вештина, ограничувања, хирови, вредности, соништа и очекувања кои не можеме да ги промениме преку ноќ. Тоа не е ни здраво ни логично. Треба да се напомене една важна работа: промената не е лоша ако е нешто што навистина ми треба.
Потребни ни се одредени варијации во нашите мисловни процеси, цели и ставови за да можеме да се прилагодиме на различни ситуации, а исто така за да постигнеме рамнотежа и личен раст. Меѓутоа, здравите промени се доброволни и ако доаѓаат од нас самите, нема да има проблем. Ги менуваме своите мисли за да ја смениме својата стварност. Треба да се менуваме поради себе, а не поради друг. Не е секогаш партнерот тој кој својот партнер го обврзува на промена. Понекогаш сакаме да се промениме за да се прилагодиме кон партнерот, да бидеме прифатени и сакани.
Луѓето кои се преправаат дека се нешто што не се, тоа не го прават за да ги сакаат оние другите. Она што вистина се случува е- тие да не се сакаат себе. Иако некое време мислат дека се среќни и дека се’ им оди добро, нивната самодоверба малку по малку станува фрагментирана и почнува да исчезнува како кула од песок. Нема потреба да зборувате работи кои не ги мислите, да се сложувате само за да им угодите на другите, ниту да се преправате што сте она што другите луѓе посакуваат. Ако така продолжите нема да знаете кои сте и што е тоа што посакувате.
Луѓето кои ве сакаат- било да се работи за вашиот партнер, пријатели или семејство- треба да ве сакаат не само поради она што сте, туку и ‘покрај се”. Со други зборови, треба да ве сакаат со сите ваши мани и доблести. Можеби посакувате партнер и добри пријатели, но пред се’ мора да се подготвите вие да бидете добар партнер, да бидете добар пријател. Ако знаете кои сте и задоволни сте од себе, ќе можете на другите да му понудите најдобро од себе. Влегуваме во врска за да можеме да растеме, а не да се ограничуваме. За да можеме да одиме заедно, а не да се сопнуваме еден од друг. Ако луѓето инсистираат на тоа да не’ променат, она што навистина добиваме се навреди, рани и лузни. Не дозволете тоа да се случи.
извор: uniqorner
Leave a Reply