Постојат жени кои повеќе не се плашат

Во овој наш свет, кој постојано бара да се вклопиме во шаблони, тешко можеме да бидеме она што сме. Најлошо од се’ е што веќе се навикнавме да го бараме својот одраз во туѓите очи. Меѓутоа, постојат жени кои повеќе не се плашат. Ова е искрена приказна на поетесата и психологот Марина Степаченко -‘Постојат такви жени’

Постојат жени кои повеќе не се плашат. Тие знаат дека е доцна за страв од тоа дека на некој не му се допаѓаат, на некој не му одговорат, нешто да не знаат, дека не успеале. Тие повеќе не се плашат да признаат дека не умеат да направат торта ‘Наполеон’, мусака или убаво да нанесат ајлајнер на очите.

Тие не се плашат да прашаат. Не се плашат дека нема да изгледаат убаво и да бидат модерни ова лето или есен. Тоа повеќе не е важно. Во нивниот живот такви работи се се’ помалку. Повеќе не се грижат дека треба постојано да делуваат совршено. Сосем убаво можат и вака. И не се плашат да влезат во себе бидејќи одамна живеат со својот внатрешен живот.

Не се срамат да заплачат- од тага или радост, а умеат и да се смеат. Предоцна е да се плашат за седите влакна. Не им се први. Ниту за борите. Сега ги добиваат само од насмевка. Доцна е да се плашат што другите ќе мислат. Одамна не се трудат да им биде чисто и исперено. Не им е грижа дали има глутен или нема. Јадат тоа што им се допаѓа, дури и ноќе. И навистина за тоа не се срамат. Тие знаат дека пиењето и пушењето не е штетно. Штетно е да не се дише, да не се посакува. Сеедно им е дали тој ќе дојде во седум или девет навечер. Само да ги сака и брза да им се врати. А главно- дека постои.

Повеќе не се плашат, ниту се плашат дека ќе останат сами. Умеат да не го гледаат оној кој не ги забележува и да си заминат кога некој ги одбива. Знаат што да кажат и што да премолчат. Имаат за што да се молат. Се’ работат од срце. Тие се мелем за некој. Не се плашат да покажат како се глупи, дебели, слаби. Одамна престанаа да се покажуваат и почнуваат да бидат она што се.

Прават она што сакаат. Сакаат оној кој го сакаат. Спијат со оние за кои ниту сонувале, ако навистина сакаат. Зборуваат отворено, без глумење за другите и за себе. Не исправаат криви Дрини, но не им се поклонуваат на никој. Им гледаат низ прсти на будалите. Ја слушаат тишината. Горката чоколада им е слатка.

Тие умеат да го ценат времето- утро, ден, ноќ. Не ја присилуваат ќерката, не го советуваат синот. Си ја гледаат својата работа. Умеат да бидат сами со себе. Повеќе не го обвинуваат таткото, ја сакаат мајката. Не се плашат од смртта, затоа што се живи.

Постојат жени кои повеќе не се плашат.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: