Др. Брус Липтон: ‘Ако сакате да преживеете, размислете каде ја давате енергијата!’

Треба да станете енергетски штедливи со парите и телото. Нашите мисли користат енергија, нашата интеракција со животот користи енергија. Ако сакаме да преживееме мора да сфатиме еден едноставен факт: за се’ што правиме во животот- вложуваме енергија. Затоа, да се осврнеме на она што го правиме во животот.

Како што знаете многу зборувам за еволуцијата, а таа е неизбежна. Тоа може да се почувствува во светот, кога се соочивме со разни кризи, а посебно со должничката криза. Ова е важно бидејќи доаѓаме до биолошката свесност и важно саморазбирање и учење кое произлегува од финансиската криза.

А тоа е во кратки црти е ова: пари= енергија, што значи дека можете да купите енергија со својата готовина. Она што е важно да се знае во врска со тоа е, ако сте штедливи, се грижите за своите пари, држите баланс, тогаш секогаш ја имате оваа енергија на својата банковна сметка, енергија од која можете да живеете.

Наспроти тоа, ако ја трошите оваа енергија, тогаш го спречувате својот опстанок. Не ви е за цел да ги расфрлате своите пари. Во суштина, сакам да ви покажам дека е ова важен увид во природата на нашето здравје, биологија и светот кој го создаваме, што треба да се цени. Нашиот биолошки состав, станиците се потпираат на енергијата. Без енергија нема живот. Во суштина имате енергетска пресметка која ви го дава животот.

Всушност, енергијата во телото се наоѓа во ‘кованица’ која ја нарекуваме ATP ( аденозин трифосфат)- молекули кои претставуваат ‘енергетска валута’. Биолозите ATP ги нарекуваат молекули за внатрешен станичен трансфер на енергија. За да останеме во живот, мора да имаме залихи на ATP. Всушност, вие имате ‘банкарска сметка’ на ATP во своето тело.

Прашање е како да се користи тој ATP – еве битен факт: 25% енергија од вашето тело се користи за работа на мозокот. Така можеме да ја споредиме работата на мозокот со работата на мускулите на маратонскиот тркач. Тоа значи дека работата на мозокот и работата на мускулите е ист. Ова е важно бидејќи додека користите мозок, односно додека мислите, вие користите енергија. Одговорот зошто е ова важно е едноставен. Начинот на кој ги користиме мислите е нужно продуктивен. Всушност, нашите ‘инвестиции’ на мисли се понекогаш контрапродуктивни, бидејќи такви мисли креираат реалност која мора тогаш да ја надминеме.

Во суштина зборувам дека треба да станеме свесни за нашите мисли. Мислите преставуваат енергетска валута. Секој пат кога имате мисла, вие користите енергија. Ако ви дадам чекови кои влечат пари од вашата тековна сметка, секако дека тие пари нема да му ги дадете на секој кој ви е симпатичен. Тоа не го правите, бидејќи ‘глупото’ трошење на пари во суштина е трошење на вашиот живот.

Се обидувам да ви кажам дека имате енергија во своето тело, енергија која ве држи живи. Замислете дека имате енергетска чековна книшка и секогаш кога сакате да употребите енергија се прашувате дали користењето на таа енергија ќе ви го унапреди животот или само ќе ја потрошите енергијата. Затоа секој пат запрашајте се кога имате некоја мисла, дали тој трошок на енергија ќе ви го унапреди или уназади животот.

Ќе почнете да сфаќате на кој начин ги насочувате вашите акции, мисли, ќе ја насочувате својата енергија во работи кои го унапредуваат вашиот живот, работи кои ви овозможуваат опстанок и над се’ – напредок. Ова е прилика да излезете од тој состав и да изградите нешто што е повеќе одржливо, нешто со кое можеме да живееме, што на сите ќе ни даде напредок.

извор: zakonprivlacnosti

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: