Во животот многу работи имаат свој завршеток. Било да станува збор за односи, работа или некое друго животно случување, не дозволувајте тоа да го уништи вашиот живот.
Земете си некое време за тагување, исплачете се и тргнете понатаму. Кога една врата ќе се затвори, друга се отвора.
И тоа навистина е така, затоа не зјапајте во затворената врата туку тргнете кон онаа која се отвора. Имајте на ум дека се’ се случува со причина.
Понекогаш е тешко да се продолжи, но без крај нема ниту нов почеток. Излекувањето од негативноста можеби ви се чини како бескрајна цел, но верувајте, не е така.
Само треба цврсто да одлучите, дека посакувате да бидете среќен човек и да се посветите на таа цел. Во секој ден пронајдете нешто позитивно и ќе се изненадите на промените кои ќе почнат да се случуваат во вашиот живот.
by Рита
Leave a Reply