Кога жената ќе престане да се бори за мажот тогаш ја губи засекогаш

Кога жената ќе престане да се бори за мажот тоа значи дека се умори. Доста е расправии, се умори од обиди да му помогне да се промени, бидејќи е јасно дека тоа нема никогаш да се случи. Кога жената ќе престане да се бори, тоа значи дека сфати дека сите нејзини напори се залудни.

Не цени ништо што направи за него, не се извини кога ја повтори истата грешка, не се потруди да го реши проблемот. Само седеше од страна и гледаше како таа се’ сама прави. Очекуваше негова помош, но не ја доби. Кога жената ќе престане да се бори за мажот тоа значи дека не сака да направи ништо за него. Му го даде срцето, а тој го скрши. Беше покрај него кога се чувствуваше лошо, го смируваше кога беше лут. Даде се’ за неговата среќа, а ништо не доби за возврат.

Кога жената ќе престане да се бори за мажот тоа значи дека сфати дека тој никогаш не се борел за неа. Таа е единствена која ја одржувала таа врска и единствено поради тоа врската траеше. Без нејзиниот труд одамна ќе се распаднеше. Кога жената ќе престане да се бори за мажот тоа значи дека нема повеќе да се бори. Тоа значи- сфати дека секогаш ти беше резервна опција. Додека таа неизмерно те сакаше, се’ што доби од тебе е само болка кои и’ ги нанесе со своите постапки.

Кога жената ќе престане да се бори за мажот тој тогаш ќе ја загуби засекогаш. Нејзината тишина не значи дека се откажува, значи дека не сака да се обидува. Значи дека нема повеќе ниту сила, ниту волја да се расправа и да се бори. Кога жената ќе престане да се бори не постои ништо што ќе ја натера да се предомисли. Засекогаш ќе замине без надеж за враќање.

Милена

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: