Како човекот созрева, тој почнува да сфаќа дека неговата среќа и неговата благосостојба е најважна работа на светот. Зрел човек учи како да се избори со сите ситуации кои му се наметнуваат и кои се обидуваат да му создадат непријатност или проблеми. Човекот како старее учи правилно да го користи зборот ‘Не’. За да го научите тоа потребно е да ги научите основните работи. Еве во кои ситуации треба да го кажете тој мал збор:
1. Кога нешто не сакате. Прва и најважна работа- вашата интуиција не е во вас без причина. Ако имате лошо чувство за нешто, ако нешто не ви се прави или имате силна аверзија кон нешто- имате право да кажете ‘Не’. Без оглед кој го барал тоа од вас или без оглед што барал ако чувствувате одбојност кон тоа, имате потполно право да го одбиете тоа.
2. Кога тоа оди на ваша штета. На пример, вашиот пријател ќе ве замоли да му помогнете нешто, но вие имате веќе нешто договорено во одредено време. Имате право да кажете ‘Не’ и убаво да му објасните дека не можете да го пропуштите тоа што имате договорено. Во случај тој ваш пријател да ве обвинува, сфатете дека таков пријател не може да сфати дека вашиот живот е поважен од неговиот.
3. Кога не гледате корист во тоа. На пример личноста ве повикала да завршите одредена работа во која заработката е минимална. Ако не гледате корист во тоа, нема потреба тоа да го прифатите.
Leave a Reply