Некои работи ќе ви се случат дури откако ќе престанете да се споредувате со други

Не можете да го натерате животот да ви се случи. Не можете да го присилите животот да ви даде подобра работа, не можете да се натерате да се вљубите, ниту да натерате некој да ве сака. Не можете да го присилите животот да ви даде повеќе пари, за да ви обезбеди патување какво што си посакувате. Она што можете да направите е да се впуштите во некоја друга авантура, некоја која е остварлива.

Никогаш не ја потценувајте силата на новите пријателства, забавата, театарските претстави или новото хоби. Тие работи можат да ве ‘подигнат’ еднакво како и се’ друго за кое мечтаете. Тие работи ви ги шират видиците и ве прават да уживате во своето време овде на Земјата. Се’ ќе дојде на свое место. Понекогаш кога најмалку се надевате, сите делови од сложувалката одеднаш ќе се вклопат. Без напор. Најдобро е да се причека и добро да се искористи времето кое е пред вас.

Подобро одвоете време да откриете што сакате пред да изгубите се’ друго обидувајќи се да ги бркате целите кои ви ги наметнува системот. Цели кои не се нужно ваши. Време кое не е нужно ваше, а вие го бркате за да се вклопите во некој поширок општествен оквир. Само да се вклопите во некои туѓи очекувања и стандарди. Живејте го животот како што сакате и ако сеуште не сте ги исполниле своите соништа, не очајувајте поради тоа.

Запомнете, не заостанувате зад другите. Сите ние одиме по различен пат и нашите животни случувања не можат да се синхронизираат. Да кажеме, само затоа што секој ваш пријател е во врска или брак или има деца, тоа не значи дека и вие мора да брзате.

Најсреќни сме кога љубовта и успехот ќе не’ изненадат, одеднаш. Кога работите не се исилени, туку спонтани. Најсреќни сме кога го правиме својот дел од работата, кога го живееме животот каков што е, додека не ни се случи живот во некој друг облик.

Сигурно сакате да престанете да се споредувате со другите луѓе, бидејќи тоа не е реално. Сите сме ние кршливи. Сакаме да изгледаме подобро, поуспешно, вљубено. Но, се’ е тоа само магла. И пресранете да ја барате маглата. Фокусирајте се на она што веќе постои и верувајте дека ќе добиете се’ што сакате и ви треба во животот, само ако пуштите животот да тече по свој тек. Ние не го диктираме редоследот на случувањата, но ја диктираме својата среќа, својата перспектива, своето размислување.

Запомнете она што гледате и она што навистина се случува не е секогаш исто.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: