Од женски агол: Жената ќе се умори ако постојано мoра да се бори за љубовта на мажот

Велат дека луѓето се создадени да сакаат, но сепак љубовта не ни доаѓа лесно. Се сеќавате, како деца бевме уверени дека љубовта менува се’, но како станавме постари пополека престанавме да веруваме во тоа.

Можеби ќе звучи смешно, но длабоко во себе знаеме дека во деновите на првата љубов всушност е посадено семето на стравот од одбивање. И со секоја солза која ја пуштивме по момчињата кои не ги заслужија нашите искрени срца, тоа семе на страв растеше и градеше ѕидови околу нас.

Велат дека сме создадени да сакаме, но зошто тогаш пишуваме песни за љубовта и ја претставуваме како нешто за што мора да се бориме? Ако сме натерани да се сакаме, зошто толкава борба во нас да го дадеме своето срце на личноста која ја сакаме и веруваме дека и таа ќе се бори за нас.

Заборавивме како едноставно да се сакаме. Изгубивме контакт со тие невини деца кои сакаа со цело срце. Ги ставивме тие чувства во кутија и ги закопавме длабоко во себе, така да не се осмелуваме да ги откриеме повторно. Ги закопавме под чувството на страв, отфрленост и повреденост.

Би сакала да сме создадени да сакаме еднакво и едноставно. Уморна сум од вечната борба за маж, за неговата љубов и наклоност. Уморна сум од борба со самата себе и за она што заслужувам, а тоа е љубов. Уморна сум од многу страв од одбивање и отфрлање за да си дозволам себеси некој да сакам искрено и длабоко. Уморна сум да се борам за некој кој не е подготвен да се бори за мене со иста сила со која се борам за него.

Ана

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: