Од машки агол: Ако не знаете што сака, значи не слушате доволно

Со жените не е некаква наука, но некои мажи сепак треба да научат некои основни работи за тоа. Ми требаше многу време да научам да живеам со жена. Тоа не е како што пушува во романите. Тоа го нема во никакви прирачници, ниту пак во советите од љубовните терапевти. Секој човек мора сам да научи како да живее со својата жена бидејќи секоја жена е единствена, поинаква и посакува нешто друго. Но, еве некои работи кои ги научив за 20 год брак и сакам сите други мажи да размислат за тоа.

Кога е лошо расположена треба веднаш да ја гушнете, да ја прашате што ја мачи, а потоа да ја смирите. Кога е под стрес прашајте ја дали сака друштво или сака да биде сама. Она што сака треба да и’ го дадете. Не ја форсирајте да ви каже што ја мачи ако не е подготвена за тоа. Не се лутете кога цел бес ќе го истресе на вас, нејзиното нежно срце не може да издржи и негде мора да препукне.

Можеби никогаш нема да те замоли за помош, бидејќи не сака да се чувствува беспомошно. Не дозволувајте да крева ништо потешко од букет цвеќе, накит и подарок кој и’ го давате. Кога ќе поставите таков став кон неа ќе забележите дека нејзиното расположение многу се менува на подобро. Се’ помалку ќе биде нервозна, а се’ почесто насмеана.

Научете дека жената не е само љубовница, со која се дели постела. Таа е пријател, кој треба внимателно да се слуша. Таа не е загатка, не. Чудно е кога мажите велат дека не знаат што сакаат нивните жени, а всушност тие и не сакаат да знаат, ниту се трудат да дознаат.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: