На овој свет постојат две врсти на луѓе: безнадежни романтичари и реалисти. Реалистот само ги гледа лицата и ги вклопува со секое друго лице на некоја друга личност која ја видел. Безнадежниот романтик станува уверен дека Бог ја донесе таа личност. Иако спаѓам во групата на безнадежни романтичари, разбирам дека надвор има многу луѓе кои не ги делат моите чувства. Не велам дека не постојат бајки и приказни кои имаат среќен завршеток. Само сакам да ви кажам дека врските не се такви какви што не’ учеа кога бевме деца.
Бајките се темелат на верување во сродни души и вечна љубов. Денес, во модерниот свет, ова верување не е толку популарно бидејќи го ограничува начинот на размислување. Поголемиот број на девојки на 21 век се задоволува со партнери кои не ја заслужуваат нивната љубов и наклоност, а се’ поради својата присила да ја пополнат својата дупка во срцето, таму каде што треба да биде љубовта кон себе. Често таквите девојки ќе се помират со тоа дека не заслужуваат вистинска љубов. Остануваат во врска со погрешен маж, очајнички сакаат да бидат во врска, наместо да чекаат маж кој кон нив ќе се однесува како кон кралици- какви што се.
Многу жени често мислат дека не се вредни за љубов и завршуваат во токсични врски и мислат дека го нашле вистинскиот партнер. Многу жени не разбираат дека оној вистинскиот нема да ве натера да се вљубите само во него, ќе ве натера да се вљубите и во себе. Не можете да се потприте на други луѓе за да ве поправат, но вистинските можат да во дадат причина да се поправите.
Вистинскиот маж ќе ве натера себеси да се видите во друго светло. Ќе ви покаже поради што заслужувате да бидете сакани и среќни. Вистинскиот маж ќе ве држи за рака и заедно со вас ќе помине низ сите препреки кои животот ќе ги стави пред вас. Вистинскиот маж ќе ве натера да станете своја најдобра сверзија. Затоа, прекинете ги тосичните односи и чекајте. Вистинскиот маж ќе влезе во вашиот живот тогаш кога ќе бидете подготвени. Кога ќе ја прифатите сопствената вредност цел ваш живот ќе се промени.
Leave a Reply