Понекогаш ви треба некој само да ви каже колку му значите

Сите сакаме да се чувствуваме сакано. Иако повеќето од нас тоа нема да го признат, сакаме да слушнеме колку не’ сакаат нашите партнери. Сакаме да ги слушнеме ‘те сакам, ми значиш многу’. Тие зборови не’ прават посебни и важни и многу среќни. Всушност, нема ништо поважно од тоа да се чувствувате сакано и ценето. Вашата потреба да слушнете дека некоја личност која ја сакате ви возвраќа љубов и се грижи за вас не ве прави слаби. Тоа ве прави чувствителни со огромно срце кое сака да биде сакано и да сака.

Секако, постојат повеќе начини на некој да му ја покажете својата љубов, а изговарање само на зборови на кои им недостасува акција е безвредно. Но, иако се присутни дела на љубов, сеуште треба да ги слушнеме оние зборови кои ни го топат срцето. Не треба постојано да ги слушаме, но повремено тие навистина многу значат за нашите врски.

Кога врската е лишена од љубов, партнерите се чувствуваат напуштено, а потоа меѓу нив се јавуваат сомнежи и стравови кои можат да бидат кобна причина за нивниот однос. Од друга страна, драги зборови полни со љубов носат задоволство, радост и среќа. Врската станува посилна и довербата во нив се зголемува.

А исто важи и за нашите деца. Мора да изразуваме љубов кон своите деца, бидејќи тие не можат да сфатат дека ги сакаме ако тоа не им го кажеме. Нашата работа е да направиме да се чувствуваат сакано, бидејќи ништо нема да ја подигне нивната самодоверба од родителите кои често им покажуваат на своите деца колку ги сакаат. Ова е главната причина зошто децата кои ги одгледуваат емоционално оддалечени и ладни родители растат во несигурни луѓе на кои им недостасува самодоверба.

За крај, запомнете. Луѓето кои ги сакате треба да знаат дека ги сакате. Изразете љубов кон оние кои ве сакаат, покажете им дека ги сакате. Тоа е од витално значење ако сакате да изградите среќна, силна и долготрајна врска.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: