Пуштете ги погрешните да си одат- 10 совети за односите кои никогаш нема да ги заборавите

Бидете свесни за својата вредност. Кога своето време ќе му го дадете на некој кој не ве почитува, вие му давате делче од своето срце кое никогаш нема да го добиете назад. Сите пропаднати врски болат, но да се изгуби некој кој не ве почитува не е загуба, туку добивка. Велат дека најголема среќа и најголеми страдања во овој свет произлегуваат од односите. Човекот може да биде многу успешен и моќен, но ако има нездрави односи, тој нема да биде среќен. Здравите односи се достигнувања. Тие бараат посветеност и работа, но и двајца луѓе кои се подготвени да се најдат на средина и сакаат да вложат неопходен труд. Ако сте во некој однос или врска, интимна и платонска, добро ќе ви дојдат неколку совети.

1. Излечете ги старите рани со простување. Во секој момент од својот живот ние растеме или скапуваме- дури и вашето физичко здравје е избор, не судбина. Уметноста на одржување на среќа во животот и односите се темели на убаво балансирање на она за што се држиме и она што отпуштаме. Вистина, понекогаш луѓето на кои им верувавме (вклучувајќи не’ и нас самите) ќе ве повредат. Тоа понекогаш не можеме да го избегнеме, но ваш е изборот дали поради тоа секогаш ќе се чувствувате бедно. Простувањето е лек. Мора да го напуштиме она што е зад нас за да бидеме во состојба да го прифатиме она што не’ очекува.

2. Признајте кога ќе згрешите, искрено срце е почеток на се’ што е добро во овој свет. Најчесните луѓе не се оние кои никогаш не грешат, туку оние кои ќе признаат кога ќе згрешат, а потоа ќе дадат се’ од себе тоа да го исправат. Искреноста нема секогаш да ви донесе многу пријатели и обожаватели, но секогаш ќе ги задржат оние вистинските во вашиот живот.

3. Престанете да трачарите и почнете да комуницирате. Еве еден добар совет: Ако нешто не можете да му кажете на некој во лице, тогаш тоа не го зборувајте зад неговиот грб. Животот е краток за да го трошиме на разговор за луѓето, озборување, трачарење и разгорување на неволјите кои немаат никаква вредност. Ако не знаете, прашајте. Ако не се сложувате, кажете го тоа. Ако не ви се допаѓа, проговорете. Но, никогаш не судете за нив зад нивниот грб.

4. Дајте им на другите простор да носат свои одлуки. Престанете да им судите на другите според вашето минато и искуство. Никогаш не делувајте, не им судете на другите и не ги третирајте како да ги познавате подобро отколку што тие се познаваат себеси. Тие живеат поинаков живот од вашиот. Нешто што е добро за една личност не мора да биде добро за друга.

5. Правете работи кои ве прават среќни. Ако сакате да разбудите среќа во некој однос, почнете со живеење на животот кој ве прави среќни. Ако сакате да го елиминирате страдањето од односот, почнете со елиминирање на своите мрачни и негативни делови, а тогаш зрачете со својата позитивност на односот.

6. На вашите сакани секојдневно, со мали работи покажувајте ја својата љубезност. Секогаш бидете љубезни повеќе отколку што е потребно. Никогаш не знаете низ што некој поминува. Понекогаш треба да бидете љубезни кон некој, не затоа што се тие добри, туку затоа што сте вие. Многу често ја потценуваме моќта на допирот, насмевката, убавиот збор, внимателно слушање, искрен комплимент или најситен чин на грижа, кои имаат потенцијал да променат нечиј живот.

7. Кажете помалку кога помалку е повеќе. Потребна е одредена доза на храброст за да станете и прозборите, но потребно е дури и повеќе храброст за да го отворите својот ум и да слушате. Обрнете внимание и бидете добар слушач. Вашите уши никогаш нема да ве донесат во неприлика. Луѓето во вашиот живот често имаат потреба за внимателно уво, отколку за силен глас. И не слушајте со намера да одговорите; слушајте што е изговорено со намера за разбирање. Вие сте толку убави колку што давате љубов и мудри сте како тишината која ја оставате зад себе.

8. Нека вашата љубов биде посилна од вашиот страв. Саканите никогаш не ги губите; ги губите со воздржување. Ниту еден однос не е невозможен, освен ако одбиете да му дадете прилика. Љубовта значи да му дадете на некој прилика да ве повреди, верувајќи му дека тоа нема да го направи. Без таа доверба, односот не може да преживее. Не можете само да верувате на она од што се плашите кај другите; треба да верувате во нивната доверба. Ако сакате некогаш да имате некој кој ви верува, мора да чувствувате дека и вие нив можете да им верувате.

9. Прифати, не очекувај. Безусловното прифаќање е нешто што го бараме, но ретко го нудиме. Запомнете, луѓето никогаш не прават нешто што не е нивен карактер. Можеби можат да направат некои работи кои се надвор од вашите очекувања, но она што тие го прават открива она што се. Не ги наметнувајте своите очекувања на другите, освен очекувањата тие да бидат она што се. Тоа што тие се, не е она што зборуваат или она што вие очекувате, туку она какви што ќе се откријат. Или ќе ги прифатите какви што се или продолжете без нив.

10. Погрешните пуштете ги да си одат. Бидете свесни за својата вредност. Кога своето време му го давате на некој кој не ве почитува, вие давате дел од своето срце кое никогаш нема да го вратите назад. Сите пропаднати односи болат, но да изгубите некој кој не ве почитува не е загуба, туки добивка. Некои луѓе привремено доаѓаат во вашиот живот само за да ве научат нешто. Доаѓаат и си одат, но ве учат нешто важно. Совршено е во ред тоа што тие повеќе не се во вашиот живот. Сега имате повеќе време да се фокусирате на односи кои ви се навистина вредни.

Запомнете, дури и најздравите односи имаат мани. На здравјето на односите ако се гледа црно- бело мириса на неволја. Прифатете го фактот дека секогаш ќе има потешкотии, но сеуште можете да се фокусирате на добро.

Marc& Angel Chernoff

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: