Јапонска мудрост: 35 клучни изреки

1. На будалите и лудаците тргни им се од патот.

2. Ако жената нешто сака- низ стена ќе помине за тоа да го оствари.

3. Не го задржуваj оној кој си заминува, не го бркај оној кој доаѓа.

4. Бргу- тоа е пополека, но без прекин.

5. Подобро е да се биде непријател на добриот човек, отколку пријател на лошиот.

6. Да не се обичните луѓе, нема да постојат големите.

7. Кој силно сака да се искачи, ќе најде начин да направи скали.

8. Маж и жена треба да се како раце и очи: кога рацете болат- очите плачат; а кога очите плачат- рацете бришат.

9. Сонцето не познава праведни. Сонцето не познава неправедни. Сонцето свети без цел и им дава топлина на сите. Оној кој се пронашол себе сличен е на Сонцето.

10. Морето е затоа големо, бидејќи малите реки не ги избегнува.

11. И далечен пат почнува од патот во близина.

12. Кој пие, не знае за штетноста на виното; кој не пие, не знае за неговата корист.

13. Дури и да затреба само еднаш во животот, мачот треба секогаш да се носи.

14. Убавите цветови не носат добар плод.

15. Тагата, како искинат фустан, треба да се остави дома.

16. Кога има љубов и лузните од сипаници се исто така убави како дупчињата на образите.

17. Никој не се сопнува ако лежи во креветот.

18. Еден убав збор може да те грее три зимски месеци.

19. Ако проблемот може да се реши, не треба за него да се размислува; ако не може да се реши; тогаш е бескорисно да се грижите за него.

20. Ако цртате гранки, треба да го чуете дишењето на ветрот.

21. Седум пати провери пред да се посомневаш во човекот.

22. Направи се’ што можеш, а другото препушти му го на судбината.

23. Претерана искреност се граничи со глупост.

24. Среќата доаѓа, во куќата полна со смеа.

25. Оној кој ќе издржи половина час повеќе од својот противник, му припаѓа победата.

26. Се случува, листот да тоне а каменот да плута.

27. На насмеано лице стрела не се фрла.

28. Ладен чај и ладен ориз можат да се поднесат; она што не може да се поднесе се ладен поглед и ладни зборови.

29. Од десет години- чудо, од дваесет- гение, а по триесетата- обичен човек.

30. Кога ќе размислиш- делувај; кога ќе одлучиш- не размислувај.

31. Кога прашуваш- срам ти е една минута, а кога не знаеш- срамот ти е за цел живот.

32. Совршена вазна никогаш не излегла од рацете на лош мајстор.

33. Не се плашете да се поклоните, токму тогаш сте исправени..

34. Длабоките реки бешумно течат.

35. Ако сте тргнале на пат по сопствената желба, тогаш и илјада километри изгледаат како еден.

извор: econet.ru

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: