‘Благодарна сум што сум сакана и што сум способна да сакам, бидејќи љубовта ослободува. Таа не е таа која задржува, тоа е егото. Љубовта ослободува’.
Мудрите изреки на оваа исклучителна жена, поетеса, ќе бидат запаметени поради моќните зборови кои влијаеа на милиони луѓе. Еве неколку нејзини инспиративни изреки кои ни ги остави:
– Никогаш не возвишувајте некој, за кој сте само една опција.
– Љубовта е како вирус. Може да му се случи на било кој, во било кое време.
– Сфатив дека луѓето ќе заборават што си кажал, луѓето ќе заборават што си направил, но никогаш нема да заборават кои чувства си ги предизвикал во нив.
– Ако нешто не ви се допаѓа, променете го тоа. Ако не можете да го промените, променете го својот став. Не се жалете.
– Ние му се воодушевуваме на убавината на пеперутката, но ретко ги признаваме промените низ кои поминала за да ја постигне таа убавина.
– Многумина не созреваат. Многу луѓе всушност стареат. Наоѓа паркинг место, ги почитува своите кредитни картички, се венчава, раѓа деца и тоа се нарекува зрелост. А тоа е старење.
– Имајте доволно храброст, да поверувате во љубов уште еден пат и секогаш уште еден пат.
– Можете вистински да станете совршени во тоа што сакате. Не правете пари со својата цел. Наместо тоа, правете работи кои сакате да ги правите, а тогаш правете ги така добро, за да не можат луѓето да го одвојат погледот од вас.
– Ако секогаш се трудите да бидете нормални, никогаш нема да дознаете колку феноменални можете да бидете.
– Не можете да управувате со случувања во животот, но можете да одлучите да ги менувате.
– Немам доверба во луѓето кои не се сакаат себеси. Постои афричка поговорка која вели:’ Бидете внимателни, кога гол човек ви нуди кошула’.
– Сакајте го животот. Учествувајте во него. Дајте се’, што сте добиле. Сакајте го со страст, затоа што животот навистина ви враќа многу повеќе, отколку што сте дале.
– Секој од нас, познат или непознат е пример за некој и ако не сме такви, мора да се однесуваме така, како да сме повесели, подобри, полни со љубов, пољубезни. Бидејќи можете да бидете сигурни дека некој ве набљудува и прави свесни и темелни набљудувања.
– Можете да ме стрелате со своите зборови, можете да ме пресечете со својот поглед, можете да ме убиете со својата суровост, но и покрај се’, како воздух, јас ќе се возвишам!
– Срцето на жената треба да биде така скриено во Бог, што мажот мора да го бара, само за да ја најде неа.
Leave a Reply