Вистинската жена не трча по среќата. Таа воопшто по ништо не трча

Психологот Јулија Свијаш има 10 заповеди на вистинската жена:

1. Таа не трча по среќа. Трчање по среќата е најпопуларен и најглуп спорт. Сите ние некаде трчаме. Кон посветла иднина, утрешен ден, следна година итн. Таа плива низ животот, секогаш наоѓајќи се во сегашниот ден.

2. Сегашноста е најинтересна и најважна од се’ што го окупира нејзиното внимание. Секако, таа има планови за иднината, но не го одложува животот за утре. Не чека вистинскиот живот да и’ почне кога ќе ослаби, кога ќе дојде принцот, кога ќе бидат соодветни околности итн. Таа живее сега.

3. Да се биде вистинска жена е голема привилегија и таа тоа го сфаќа. Со внимание се однесува кон фактот дека е родена како жена и гледа во тоа посебна вредност. Таа не се осознава себе само како жена на ниво на поим, таа се чувствува себеси таква. За неа да се биде вистинска жена, не е испит, не е тешка работа и не е крст кој треба да се носи цел живот. Тоа е дар и благослов на судбината. Вистинската жена ја негува во себе својата женственост и на сите нивоа: внатрешно – (чувства, емоции, мисли) и надворешно (тело, облека, однесување).

4. Таа живее со своето темпо. Кога живеете многу бргу, немате чувство дека тоа е живот. Кога живеете многу бргу, немате време да го почувствувате своето темпо на животот. Вистинската жена добро знае и го чувствува и живее во склад со него. Таа сама го регулира оптеретувањето и со самото тоа наметнува темпо на околностите кои ја опкружуваат.

5. Таа е на прво место Тоа не значи дека е себична, бесчувствителна, рамнодушна или цинична. Тоа само значи дека прекумерната желба да се интересира за други луѓе е скриен страв за да се живее својот сопствен живот. На вистинската жена и’ е интересен нејзиниот живот. Таа никогаш не го губи чувството за вредност за својот личен простор. Но, при тоа е способна да поддржи, помогне и да учествува во животот на другите луѓе.

6. Не и’ треба ‘лична карта’ според мислењето на другите. Вистинската жена живее според своите ориентири, сама ги смислува и ги реализира. А ако не се слични на стандардите на другите, тоа многу не ја загрижува. Таа им дозволува на другите да ја оценуваат како што ќе посакаат. Знае дека мисијата ‘да им се допаднеш на сите’ е глупа и невозможна.

7. Таа ја надмина својата ‘добра девојка’. Добрата девојка е воспитана од родителите. Таа има задача да им се допадне на другите, да предизвика одобрување. Таа ретко се прашува што всушност сака. Вистинската жена ја надмина ‘добрата девојка’ а истовремено се откажа од потребата за одобрување и пофалби. Тоа значи дека не ја интетесира како ја оценуваат. Таа едноставно на никој ништо не му докажува, а посебно не на своја штета.

8. Таа не ја игра драмата ‘Како е тежок мојот живот’ Дури и ако има тешка работа, вистинската жена наоѓа време да се опорави и да изгледа добро. Таа не изигрува жртва, бидејќи знае дека околностите не се тешки сами по себе, туку поради нејзиниот однос кон нив.

9. Осаменоста е за неа дар. Своите периоди на осаменост, ако не постојат, вистинската жена ги цени и сака. Не настојува да вметне во својот живот случајни познаници или мажи, само да не биде сама со себе. Да се биде со себе, тоа е благо. Најдоброто време да се обнови енергија, да се наполни својот живот со спокојство и длабочина. Вистинската жена е интересна сама на себе и ужива во осаменоста со задоволство.

10. Таа ја сака својата стварност. Секогаш! Вистинската жена може се’ и во кое било животна доба. Затоа кај неа нема и ниту ќе има жалење поради нешто што нема да успее.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: