Ако сакате добар однос, избегнувајте компромис

Многу од нас во детството не се чувствувале пријатно, прифатено и доживеано од родителите. Чувствувавме дека нашите родители се неправедни, некооперативни, крути и нечувствителни. Носеа еднострани одлуки. Чувствувавме дека не се однесуваа во согласност со нашите најдобри интереси.

Но, фактот дека се тие такви, значи- за да се вклопиме и прилагодиме на нашето семејство, за да ги задоволиме сопствените потреби и да ги избегнеме сериозните последици, моравме да развиваме стратегии на зависност (кои се всушност нарцисоидни стратегии).

Не’ извежбаа-да се биде добар, исправен и полн со љубов. Ова искуство раѓа две работи кои ни го уништуваат шансите за среќните односи како возрасни личности.

Идејата за она што се однос и љубов = компромис. Она што можеме да направиме за луѓето кои ги сакаме и она што го очекуваме за возврат од луѓето кои ги сакаме.

Компромис значи решавање на спор/судир или постигнување на договор со взаемно почитување. Треба да имаме на ум, да се попушти значи да се откажеме, отстапиме од нешто што го цениме. Компромис, според дефиниција, значи привлекување на непосакуваното, што значи дека кај компромисите е невозможно да не се искуси болка. По дефиниција тоа е исто сценарио, како што поголемиот број на луѓе го сфатиле..

Затоа, она што всушност правиме при правење на компромис е пронаоѓање на усаглосување со друга личност така што ќе кажеме: ‘Ево малку ме боли мене, а малку тебе’.

Можеби на овој начин ќе успеете да ја одржите долготрајна врска. Но, тоа ќе биде болна долгорочна врска. А каењето е време луѓето да престанат да го дефинираат успехот во односот според неговата долговечност, без оглед колку двете личности во тој однос се среќни или несреќни, исполните или неисполните.

Но, овде најголем проблем е: луѓето со оваа траума всушност не се свесни колку им нанесува штета компромисот, бидејќи компромисот се чувствува како исцелување, бидејќи таа болка се поврзува со љубов. Својата подготвеност за попуштање се поврзува со љубов поради кои се чувствуваат добро.

И подготвеноста на другите луѓе на попуштање и со тоа на болката, ја доживуваат како демонстрација на љубов и потврда на добрина на таа личност. Очекуваат луѓето околу нив да прават компромис, ако луѓето навистина ги сакаат. Ова е една од многуте обрасци кои спаѓаат во категорија на мешање на болка со љубов.

Другиот најголем проблем на компромисот е тој – личноста која верува во компромис, мора и подсвесно ќе гравитира во неспоиви врски. Компатибилност е кога две работи ( дури и ако се разликуваат) можат да се појават или да постојат заедно во хармонија без проблем и без судир. Во врска тоа значи дека добро усогласени карактеристики овозможуваат во една или друга личност природен соживот кога се комбинираат заедно и во хармонија. Хармонијата не е тешко да се создаде во луѓе кои ни се компатибилни. Хармонијата е невозможно да се создаде со луѓе со кои сме некомпатибилни, кога постојано се обидуваме да се присилиме себе или нив да се променат, за да дојдат до соодветна компатибилност. Од оваа причина компромис – колку и да е нефункционален – е свето и морално добро бидејќи овозможува одржување на неспоив, некомпатибилен однос.

Како што компромисите се воспоставени како начин на одржување на односите, компатибилноста не беше општествена грижа, На пример, браковите требаше да ги држат двајца луѓе заедно, без оглед на тоа дали се тие заедно компатибилни или не.. Браковите биле склопувани од други причини и парот бил одговорен за функционирање на бракот (засекогаш). За да го направиме тоа со некомпатибилен партнер (кои се многу) потребно е да се признае и да се поднесе малку болка за да успее овој брак. Затоа, компромисот е кога некој го учите да остане во некомпатибилен однос.

За да функционира односот, потребно е двете страни да добијат win-win сценарио, вистинско ‘ДА’ за двете страни. На сценариото ‘подготвен сум да се откажам од себе и да трпам болка заради тебе и тоа исто го очекувам од тебе’. Кога ќе дојде до вистинското ‘ДА кај двете страни, тие чувствуваат дека склопиле добра погодба, а не дека морале да се откажат од нешто важно за да дојдат до некоја средина во кој никој не е среќен. Ако начинот да се дојде до тоа е сфаќање и прифаќање на важноста на компатибилноста во нашите односи.

Компромисот е всушност жртва и рецепт за огорченост. Кога некој се жртвува во врската, таа личност свесно или потсвесно очекува надокнада или награда за тоа подоцна. А ако до таа отплата или награда не дојде, ќе биде огорчена. Огорченост во односите е ‘рѓосувачка сила и компромисот е вистинска бомба.

Сигурно е дека кога ќе направиме компромис, ќе се сетиме дека тоа го направивме. Па кога во односот ќе дојде до несогласување, тоа ќе го изнесеме како доказ на нашата добрина и несебична љубов за да ја натераме другата личност на компромис. Или повторно ќе направиме компромис и ќе се чувствуваме како крпа која сите ја газат.

Кога правиме компромис, ние всушност не го најдовме вистинското win-win сценарио. Ние само одлучивме дека лошиот договор е подобар од било каков. Правиме компромиси за да се чувствуваме сигурни. Што значи дека компромисот не’ води до стравот од она што сакаме да избегнеме, а не она што всушност сакаме. Прифаќањето на компромис не не’ води кон среќен живот. Жртвата не не’ води до среќен живот.

Не е важно она што правиме за односот, важно е како се чувствуваме кога правиме нешто за тој однос. Искрено win-win сценарио ни остава добро чувство. Компромисот по дефиниција тоа не го дава. Бидејќи кога ќе се откажеме од нешто што ни е важно, го чувствуваме тој внатрешен отпор, тој внатрешен протест. Ако одиме против тоа чувство и продолжиме со компромисот, ќе завршиме во уште поголема болка.

Значи, компромис во односот не може да претставува добар однос. Компромисот е всушност непријател на хармонијата, непријател на среќата и вистинскиот договор.

Teal Swan

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: