Додека чекавте нешто што никогаш не се случи, се случи нешто што никогаш не го очекувавте

Додека очекував дека мојот живот ќе се одвива на одреден начин, животот ме изненади со нешто друго, нешто што никогаш не го замислував. Колку пати на сите нас ни се случилo нешто слично? Го поминуваме поголемиот дел од животот планирајќи нешто за кое се надеваме дека ќе го постигнеме, понекогаш надевајќи се на недостижни работи, кога одеднаш во нашиот секојдневен живот ќе се појави нешто на што не се надевавме, а тоа ќе не’ исполни со среќа. Често мислиме дека животот ни вели ‘Не’, а во стварноста од нас бара да почекаме, да бидеме трпеливи уште малку.

Ако размислите, потребно ни е многу напор да почекаме и време кога конечно, животот ќе го промени смерот и ќе не ‘плесне’ со среќа, охрабрување, топлина и надеж. Можеби конечно ќе ви се оствари професионалниот сон во кој сте вложиле многу или можеби конечно ќе пристигне таа личност која се вклопува во вашата рамка и ја пополнува вашата сложувалка на среќата. Има многу работи за кои сонуваме, работи поради кои сме трпеливи, но понекогаш губиме надеж. Меѓутоа, имајте на ум, нема на крајот се’ да испадне како што посакувате, па сфатете дека само чекањето е вредно, а тоа е важно.

Толку очекував што се уморив од желбата. Понекогаш од луѓето толку очекуваме што на крајот се разочаруваме. Можеби затоа луѓето ако сакаат да го избегнат страдањето, подобро е да не очекуваат од никој ништо, а да очекуваат од себе се’.

Сепак треба да разјасниме едно: исто така имаме право да очекуваме најдобро од луѓето кои ги сакаме. Едноставно затоа што веруваме во реципроцитет, во идејата ако на некој му дадеме наклоност и доследност, имаме право да го примаме истото..

Чекањето на луѓето да делуваат во склад со нашите очекувања, ја одразува потребата за минимална контрола во нашиот секојдневен живот и во нашите социјални и емоционални врски. Знаејќи како се однесуваат луѓето кон нас или знаејќи дека нашите најмили не’ сакаат, почитуваат и се грижат за нас, ја тргаат неизвесноста со кое е тешко да се живее ако немаме корени, таа емоционална сигурност. Можеби поради тоа сме често разочарани, посебно кога тоа разочарување не го очекувавме: лага, непочитување или дистанца.

Понекогаш очекуваме работи кои никогаш нема да дојдат. На пример, вообичаено е да се вљубиме во некој само за да сфатиме дека тие работи не се она што го замислувавме.

Соништата бледат. Меѓутоа, подоцна ќе стигне магијата на случајностите за да не’ одведе кон некој друг, некој кој никогаш нема да го очекуваме, кој може да ни даде полна и вистинска среќа.

Ако немате очекувања, имате слобода. Животот без очекувања ви дава слобода, во тоа нема сомнеж. Меѓутоа, тоа не значи дека немаме право да носиме планови ниту да очекуваме реципроцитет за кои зборувавме порано. Тоа не се позитивни, потребни и препорачани аспекти на очекување.

Ако немате очекувања, можете да се ослободите, да престанете да се држете за нешто што никогаш не можело да биде и да летате повеќе за да допрете ѕвезди и да пуштите животот да ве изненади. Знеме дека не е лесно да се живее без очекување. За да го направите тоа и малку подобро да ја разберете таа перспектива размислете за следново: Било и такви времиња кога од одредени луѓе толку многу сме очекувале што завршивме фрустрирани, и сакаме да се дистанцираме од се’ и сите.

Сигурни сме дека таа реченица ви е позната. Многумина ги доживеале овие ситуации, а од таму треба да се потсетиме дека не се испалќа на овој начин да се третира светот, а не пак себе. Не трпете и не страдајте повеќе отколку што треба. Кога ќе престанете да очекувате, ќе имате повеќе слобода во секојдневниот живот, што ќе ве смири. Ќе дозволите работите да течат природно како што треба. Секогаш ќе поминете многу подобро кога немате повеќе очекувања. Дозволете работите да се случат сами од себе, нека луѓето околу вас покажат кои се, а од нив ништо не очекувајте. Дури тогаш ќе откриете кој ве заслужува, а кој не.

Некои наши односи од сега заслужуваат повеќе доверба и слобода. Кога ќе престанете да ги очекувате работите, тие доаѓаат сами од себе и нема да пропуштите толку негативна енергија (грижа, потиштеност). Луѓето кои ве сакаат ќе ве побараат и нема потреба да сакате некој.

Кога повеќе ништо не очекував од тебе, сфатив дека моите раце не се така празни како што мислев дека се, а пуштајќи те тебе, си дозволив себеси повторно да бидам она што сум.

извор: gadenkenwelt.com

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: