Емоционална незрелост: кога само се играат со тебе

Ако некој само се игра со вас и ви ‘нуди’ љубов преку која гледате само себичност, пуштете ги нека победат. Секој кој се преправа дека ве сака само за да пополни некоја празнина, нека победи, а вие наградете го со едно – Збогум. Оној кој се игра со вас не ве заслужува. А ако постои нешто од што никогаш не треба да се откажете, тоа е вашето достоинство.

Постои многу интересна книга која ја напишаа неуролозите Амир Левин и Рајчел Хелер под името: ‘Нова наука на мозокот за возрасни: како да се пронајде партнер’. Оваа книга има некои фасцинантни факти на оваа тема.

Човечкиот мозок е програмиран да бара и добива човечка подршка. Ни треба љубов во односите, било да се работи за семејство, пријатели, партнер. Иако не е добро она што ќе прочитате, но постојат јасни докази дека на неуронско ниво човекот е ‘емотивно врзан’.

Меѓутоа, не треба на оваа зависност да гледаме како на потполна зависност. Се работи за нашата потреба да знаеме дека сме сакани. Нашата потреба да бидеме сигурни дека ќе бидеме почитувани и да можеме да сметаме на нашите сакани. Градење на врска заснована на ‘игра на моќ’ во која една личност секогаш победува, боли. Истовремено, сметајќи на некој кој е ‘зависен’ од давање на ветувања кои никогаш не ги исполнува или само си дава љубов себеси, исто така боли.

Прво на што ова ќе се одрази е вашиот мозок: се појавува интезивен стрес. Стресот е интензивен биолошки инстикт кој не’ предупредува дека е нешто погрешно.

Нашиот поглед на свет е разнишан. Поради оној на кој сте му ја дале својата доверба, оној за кој мислевте дека ве почитува, од кој очекувате поддршка, интимност и сигурност. Кога оваа рамка ќе се се скрши, веднаш влегуваме во циклус карактерзиран со недоверба, ранливост и анксиозност. Ајде да видиме малку подлабоко во емоционалната незрелост и играње на игри.

Емоционалната незрелост, љубов и теорија на системот.

Сите знаеме дека успехот на еден однос зависи од многу фактори, но еден од нив е без сомнеж, способност на двете страни да даваат и примаат подршка. Ако една од нив не вложува во односот и не ја поддржува другата страна, односот ќе се влоши.

Од почеток, ова не е така лесно да се забележи. Понекогаш се ‘играат’ со нас, дури ние и не сфаќаме. Не’ користат како пиони во ужасна игра која завршува уништувајќи ги сите наши надежи и сили. Теорија на системот дава одредени причини зошто тоа се случува.

Кога двајца луѓе ќе се соединат во однос, се креира нешто поголемо од нив двајцата. Тоа е систем, тоа е како сложена сфера на динамика. Истовремено, знаеме да идеализираме. Си кажуваме себеси дека оваа врска е вистинска, дека ќе биде совршена и дека заедно ќе се развиваме како поединци и како пар.

Зошто остануваме?

Се држиме до вакви уверувања и внатрешен дијалог бидејќи му е потребен на нашиот ум.. Сакаме да почувствуваме емоционална и психолошка сигурност. Меѓутоа, секој ден овој совршен систем се замаглува со мала динамика. Но и поголема, како презир, разочарување и емоционална уцена. Малку луѓе реагира веднаш после неколку удари. Мозокот е програмиран да се спротиставува на промени. Ќе размислува на начин кој не е од помош.

Мислите кои во овој случај ни поминуваат низ главата : ‘ова е само привремено’ ‘тоа ќе се промени’ ‘ако ме сака, ќе сфати дека неговото/нејзиното однесување ме боли’. Меѓутоа, системот кој го држи ова уверение станува се послабо и поранливо. На крајот целосно се руши како кула од карти. Сфаќаме дека мора да заминеме што побргу или и ние ќе се срушиме со него.

Оној кој те почитува, не се игра со тебе: емоционална незрелост и третирање на љубовта како игра.

Во книгата која е спомната на почетокот на оваа статија, се објаснува дека емоционално незрели луѓе се оние кои љубовта ја гледаат како игра. Реагираат само на сегашноста и се хранат со моменталното задоволство и потребата да се задоволат само себе.

Овие луѓе ќе ни го слезат ‘ѕвездите од небото’ но само ако вие го ‘слезете сонцето’ за нив . Ќе даваат ветувања кога се среќни и ќе ве обвинуваат за сите свои проблеми кога се фрустрирани. Сега прашајте се : зошто ‘паѓате’ на овие личности? Тешко е тоа да се објасни. Можеме да кажеме дека не’ привлекува интензитетот на нивната личност и нивната спонтаност. Понекогаш е добро да бидете ‘воздух’ кој им е потрбен да преживеат.

Не се залаживајте. Љубовта не е игра и ако некој сака да се игра со вас, Пуштете ги да победат. Тоа е најдобрата работа која можете да ја направите. Бидејќи на крајот од денот и ние ќе завршиме како победници. Ќе победиме во достоинство, самодоверба и храброст.

Не заборавајте дека емоционалната зрелост и интелигенција е исто така дефинирана со вештината на набљудување за да забележиме што се случува околу нас и што да направиме во врска со тоа. Дури и ако тоа боли и ако некое време ни го крши срцето. Ќе знаеме дека правиме вистинска работа.

извор: uniqorner

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: