Жртвување поради љубов: исцрпувачко однесување

Жртвата која ја давате за љубовта понекогаш може да доведе до емоционален долг: ‘Ако се откажав од одредени работи поради тебе, исто мора да направиш за мене’.

Кога се зборува за жртвување поради љубов, подобро да бидете фер во тоа. Во врската ако постои ‘принесување на жртва’ тоа не ја зајакнува љубовта, ниту целата работа ја прави поромантична. Токму спротивното. Непрекинато откажување од работи кои сакаме да ги работиме, нас не’ троши и изобличува се’ додека не се претвориме во нешто што не сме. Во љубовната врска, предаденоста е поважна од жртвата која ја даваме.

Самодовреба и лични граници

Кога некој ќе ги премине вашите граници, мора јасно да дадете до знаење дека тоа не ви се допаѓа. Ако тоа не го направите, другата личност најверојатно и понатаму ќе ја преминува границата, бидејќи претпоставува дека тоа не ви нанесува штета. Тоа исто важи и за врската која ја имате со партнерот. Секој се жртвува за љубов од време на време, тоа е многу нормално и разбирливо. Меѓутоа, никој не може да го занемари фактот дека сите жртви имаат цена. Секоја работа од која мора да се откажете ве боли. Промените на плановите во последна минута не се пријатни. Секоја промена која во животот ќе ја доживеете поради другата личност не е лесна. Промената боли и понекогаш се чувствува како терет, но тоа го правите од срце бидејќи сте предадени на партнерот.

Значи, ако другата личност тоа не го цени или не е свесна дека поради љубов се прават емоционални и лични жртви, тогаш не сте на добар пат. Довербата пополека ќе исчезне додека не почнете да се жалите и да ја обвинувате другата личност. Духовите на вашите жртви ќе ве прогонуваат, бидејќи уште повеќе ќе чувствувате како го изгубивте делчето од себе кое никогаш нема да се врати.

Бесконечната несебичност во врската не е многу здрава. Константното жртвување е тажен начин за уништување на сопствената самопочит и болна замена за здрава љубов.

Жртвување поради љубовта: каде да се повлече граница?

Луѓето често велат дека големата љубов, како и големите достигнувања, бараат жртва. Тоа никој не може да го порекне. Всушност, ако прашаме било кој, многумина ќе споменат повеќе од едно жртвување кое го дале поради љубовта. Некои од нив можеби морале потполно да го сменат својот живот, а тоа им е несомнено успешно. Сега живеат среќни животи.

Но, постојат многу жртви поради љубов кои не се прифатливи. Многу луѓе веруваат дека колку е поголема жртвата, тоа е поавтентичен и поромантичен односот. Како љубовта да е древен Бог, кој мора да го обожаваме.

Мора да се сфати дека не е се’ прифатливо и посакувано. Кога станува збор за љубовта, не треба да жртвувате речиси се’. Жртвувањето поради љубовта не значи потполна несебичност, ниту значи дека треба да заборавиме на својата вредност, свој идентитет и својата самопочит. Мора да си ги поставите границите.

Во љубовта нема причина да потенцираме кои сме, ниту да го отстрануваме она што го почитуваме или што не’ дефинира. Можеме да направиме многу работи за личноста која ја сакаме, дури и да се направат некои жртви, а да не се изгубиме себеси и да не создаваме емоционален долг. Меѓутоа, постојат граници кога доаѓа до уценување или почнуваме да се преправаме во нешто што не сме.

извор: exploringyourmind.com

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: