Ова е едноставна и испробана метода и навистина дава рзултати. Тоа ќе го постигнете во два чекори.
1. Запомнете – за расправија се потребни двајца. Штом некој ви се обрати со висок тон, останете смирени и според темата за расправија накратко анализирајте што и’ треба на таа личност ( длабока причина), што и’ недостасува, што очекува од вас, па поради тоа започнува расправија. Тоа што ја мачи може да биде недостаток на доверба, недостаток на љубов, топлина и внимание, страв од нешто…
2. Со молчење, во мислите дајте и’ на таа личност она што и’ треба. За ова ви треба доволно смиреност, сила на карактерот и толеранција.. Не одговарајте на провокациите на таа личност. Нормално однесувајте се и повторувајте повеќе пати во мислите што и’ праќате. Таа личност потсвесно ќе го прими вашиот дар.
Ќе се смири некое време (додека продолжува да провоцира или вика и сл.) и ќе ве остави на мира. Не очекувајте никаква благодарност, нека ви биде доволно што ќе добиете она што ви треба-таа личност вашите добри вибрации, а вие- својот мир.
Leave a Reply