Престани да ми кажуваш како си зафатен, бидејќи повеќе не паѓам на тие финти. Бев во неколку врски во кои мажите знаеја да ми кажат колку многу се зафатени, а тоа им беше изговор во кој јас повеќе не верувам.
Работата е во тоа што и јас сум зафатена; околу семејството, работата, околу моите драги пријатели, околу моите лични работи кои ги правам, но имам време да пратам една СМС порака. Имам време за краток телефонски повик.
Значи, те молам престани да зборуваш дека си премногу зафатен или дека немаш време за мене, за оние кои вредат во твојот живот. Престани да ми зборуваш дека си премногу зафатен, бидејќи ако навистина сакаш ние двајцата да успееме, потруди се. Се наслушав јас доволно од тоа ‘затрупан сум’ и сега ми е доста да се чувствувам недостојна за туѓото време.
Престани да ми зборуваш дека си зафатен, бидејќи доволно се правев дека не ми е тешко да ги откажувам плановите. Доста ми е да те чекам, а да се преправам дека си зафатен. Доста ми е самата себе да се убедувам дека ќе најдеш време за мене. Мислам дека доволно го тестирав своето трпение, а ништо не добив за возврат. Се уморив да ги слушам твоите проѕирни изговори зошто повторно те нема, бидејќи знам ако сум ти важна, ќе дадеш повеќе од себе.
Престани да ми зборуваш дека си зафатен, бидејќи и јас сум зафатена. Но, види, разликата е во тоа што јас можам да бидам и незафатена за да ти покажам дека ми значиш. А ако е тоа премногу за тебе да барам да го направиш тоа исто, тогаш е подобро да се разделиме. Затоа престани да ми зборуваш дека си зафатен, бидејќи знам колку време трошиш не работејќи ништо, додека јас чекам.
Престани да ми зборуваш дека си зафатен, бидејќи тогаш сфаќам дека го губам своето драгоцено време чекајќи твоја СМС порака или телефонски повик, која никогаш очигледно нема да дојде. Го губам времето кое ти воопшто не го заслужуваш. Јас не сум будала, затоа те молам, престани да ми зборуваш дека си премногу зафатен за мене, бидејќи не паѓам на тие финти.
Ако ти сум важна, нема дозволиш да се чувствувам покрај тебе здраво за готово, нема да ме пуштиш да те чекам така долго. Освен тоа, од сега и јас сум зафатена за да ги слушам твоите лаги.
З & С
Leave a Reply