Смени се себеси и ќе си го смениш животот: кои се најважните животни правила

1. Не паничи. Застани, диши, мисли.

2. Никој не мисли на тебе. Сите мислат само на себе, токму како ти.

3. Никогаш не ја менувај фризурата или бојата на косата пред важен настан.

4. Ништо не е така лошо, ниту така добро како што изгледа.

5. Прави она што другите да го прават за тебе, односно, не убивај.

6. Подобро купи една скапа работа која навистина ти се допаѓа отколку неколку евтини кои половично ти се допаѓаат.

7. Малку работи се навистина важни: ако се изнервираш, запрашај се: ‘Дали е ова навистина важно?’

8. Тајната на успехот е во тоа како се опоравуваш од неуспехот.

9. Биди искрена и добра.

10. Купувај само она во кое можеш да заиграш.

11. Верувај му на своите инстикти, на својата бујна фантазија

12. Кога си во неволја провери дали е тоа навистина неволја така што

а) ќе помислиш: ‘Ич не ми е гајле’

б) ќе го согледаш проблемот од ведрата страна и ако тоа не запали, пробај да го согледаш од смешната страна. Ако не запали од ништо од горе наведеното, можеби сте навистина во неволја, види тогаш под 1 и 5.

13. Не очекувај светот да биде безбеден, а животот праведен.

14. Понекогаш мора да ги пуштиш работите да одат по свој тек.

15. Не жали за ништо. Запомни дека ништо друго и не можеше да се случи, имајќи во предвид каква беше тогаш и каква беше состојбата. Единствено што можеш да измениш е сегашноста, значи – учи од минатото.

16. Ако почнеш да жалиш за нешто и ако помислиш ‘Требаше да’…секогаш додај ‘но можеби тогаш ќе ме прегазеше камион’..

Helen Fielding

‘Оливија Џулс и премногу бујна фантазија’

Leave a Reply

Up ↑

%d