Ако од некој доживуваме само одбивање и рамнодушност во текот на подолг временски период, тогаш ни станува тешко да веруваме дека личноста нема интерес за нас, дека не сме сакани или дека не им недостасуваме. Мислиме дека во нас постои нешто поради кое не заслужуваме нечие внимание, а потоа се чувствуваме помалку вредни, што секако и’ штети на нашата самопочит.
Рамнодушноста и отфрлањето создаваат голема количина на емоционална болка, која може да се изедначи со физичка болка и никако не треба да ја потценуваме. Утврдено е дека рамнодушноста стимулира исти подрачја на мозокот како и физичката болка, што му штети на нашето ментално здравје.
Значи, не треба да се задржуваме во такви сиитуации, но претпоставка е дека ќе биде потребно време и напор да се зацелат раните предизвикани со разочарување, бидејќи некој не не’ сакал покрај себе и може да изгледа подеднакво неподносливо.
Со тек на време ќе научите да се почитувате себеси и да се грижите за себе и кога сте соочени со рамнодушноста на другите. Почнете да ги преиспитувате своите врски и обратете внимание на своите и туѓите емоционални потреби. Важно е да научите да ги препознаете обидите за ‘одвојување’ на другите од нас и обратно. Еве некои однесувања кои укажуваат на рамнодушност.
Заземање на одбранбен став. Ако во секоја интеракција, наместо емпатично да се слуша, се зазема одбранбен став кој се карактеризира со блага рамнодушност и непријателство, тогаш намерата на воспоставување на врска со другите е веќе саботирана.
Тогаш е важно да се обрне внимание на ставот со кој пристапуваме.
Избегунување на разговор. Избегнувањето на разговор кој треба да води до разрешување на она што не оди како треба, создава оддалеченост која со тек на време станува непремостива. Важно е да се научат овие знаци.
Не треба да се чудиме што такви случаи постојат, но треба да се заштитиме од туѓи интереси и себичност.
Затоа е можеби решение, да си дадеме себе време тоа да го сфатиме, како и важноста за препознавање на себе и грижа за себе. Бидејќи ако не сте добри за себе, тогаш е многу полесно да ја изгубите автентичноста и благосостојбата, а тоа секако не се исплаќа.
извор: uniqorner
Leave a Reply