Ако покрај мажот не се чувствуваш сигурно-не ти треба: Како мажите влијаат на животот на жената

Сите сме излегувале со мажи кои не ни одговарале, меѓутоа многу од нас остануваат со такви мажи во врска, од разни причини. Ова се не така популарни вистини за тоа како мажите влијаат на животот на жените:

1. Ако не го сакате мажот, едноставно не можете да спиете со него. А ако го сакате, не можете да спиете со никој друг.

2. Во бракот треба да постои чувство на сигурност. Ако покрај вашиот маж не се чувствувате заштитено тогаш не ви понудил доволно. Ако со мажот не се чувствувате сигурно, не трошете енергија на односот со него.

3. Ако човекот е лош, бескорисно е да го уверувате дека со него нешто не е во ред. Тој никогаш тоа нема да го сфати.

4. Ако живеете со маж бидејќи нема каде да одите, тогаш ја повторувате истата грешка како и вашата мајка. Што повеќе се трудиш да бидеш поинаква од неа, тоа бргу и стануваш.

5. Ние цветаме кога не’ ценат и кога ни се восхитуваат, кога ни ги покажуваат своите чувства. Ако публиката е во екстаза, пејачот е исто во екстаза, тоа е двосмерен процес токму како и во бракот.

6. Секоја личност има нешто кон кое повеќе тежнее во животот. На некои работата им е на прво место, а на некој љубовта и тоа е сосем во ред. Но, за да бидете среќни важно е вие и вашиот партнер да бидете на истата станица. Ако вие тежнеете кон кариера, а мажот тежи да има жена која ќе се грижи за семејството и куќата- секогаш ќе бидете во судир. Ако и двајцата работите на својата кариера, подобро ќе се сложувате.

7. Не се обидувајте да го контролирате својот маж. Мажите мразат ограничувања. Нека биде свој.

извор: infopult

Leave a Reply

Up ↑

%d