Опра Винфри е една од највлијателните жени во САД која имаше 24 сезони од своето шоу, секој ден. Џоан Ровлинг продаде 450 милиони приметоци од својата сага за Хари Потер и првата личност на светот која според проценката на Форбс, заработи милијарда долари од пишување на книги.
Што е заедничко за сите успешни жени? Некои црти лесно се препознаваат, како слава, богатство и моќ, зарем не? Црти кои звучат како американски сон. Цртите за кои сите мечтаеме и секако ги посакуваме. Но, ќе се сложите, овие жени се многу влијателни, големи луѓе кои мотивираат и инспирираат. Но, дали отсекогаш биле такви. Погодувате, не. Нивните животни приказни не се воопшто симпатични. Опра беше силувана на 9 години, а со 14 стана мајка, но нејзиниот син почина во детството. Џоан зад себе има тежок брак и развод, беше самохрана мајка која живееше од социјална помош и покрај својата факултетска диплома.
Не ги раскажувам овие грозоти затоа што од тебе сакам да извлечам емоции и сочувство, туку сакам да го нагласам следново. Овие жени имале грозен живот, но и покрај тоа го извлекле од себе својот полн потенцијал. Се бореа и победија. Време е да се свртиш кон себе, иако почнуваш од нула. Како што гледаш изговор за тебе нема. Знаеш и сама дека во нашиот балкански менталитет постои една интересна карактеристика, а тоа е дека себеси многу сакаме да се претставуваме како жртви. Сакаме да сме страдалнички, над себе и над животите на оние кои ги познаваме.
Но, верувај ми, нема тоа да ти донесе ништо добро. Барем ако сакаш да се чувствуваш исполнето и среќно. Испробав, преболев, заборавив. И тргнав понатаму. Кога еднаш ќе тргнеш да работиш нешто за себе и својата благосостојба, а не затоа што некој ти сугерирал дека треба да го правиш или пак мислиш дека мора поради некој и нешто…верувај ќе ја најдеш својата среќа.
Затоа, време е да се свртиш кон себе и своите потреби. Понекогаш, за да се освестиме, потребно е да го допреме дното. Овие прекрасни жени кои денес ги спомнав, навистина беа на дното. Ги допреа најголемите разочарувања, срам, презир, лутина, безволност, омраза. Но, малку по малку се враќаа во својот живот и се вратија во себе, како Феникс повторно се издигнаа од пепелот. Не можам ниту да замислам колку им било тешко на тој пат.
Искрено се надевам дека ниту јас, ниту ти ќе мора тоа да го доживееме. Што е заедничко на оние на кои им се восхитуваме? Всушност, поентата на денешниот текст е заедно да се потсетиме, дека нема такви кои се родени под среќна ѕвезда, туку среќата треба да ја градиме сами. Животот се искуства исткаени од спротивности. За да знаеме да го цениме убавото што ни се случува во животот, понекогаш треба да го вкусиме и оној дел од спротивноста која помалку ни се допаѓа.
Кога на такви животни случувања гледаме како лекции на најмудрите учители, како на мотивација, упорност и храброст, нашиот живот доаѓа во баланс и ни дава чувство на среќа. Да се стигне на дното и повторно да се застане на нозе веројатно е најголем животен предизвик. Но, тоа е дар кој со себе повлекува семоќна Свемирска енергија. Она чувство кога ќе сфатиш дека е се’ можно и можеш да постигнеш се’ она што отсекогаш посакуваше, но не се охрабри. Тие успееја да се воздигнат. Јас успеав.
Зошто мислиш дека ти тоа не го можеш?
Ана
Leave a Reply