Женска карма-не удирајте во затворена врата

Мислам, ако нешто не се случува веќе подолго време во вашиот живот и покрај вашите напори и многубројни обиди, значи дека тоа не треба да се случи. Можеби е тоа позната вистина- не удирајте во затворена врата. Но, секој тоа треба да го почувствува сам.

Направете неколку чекори кон целта, па повлечете се. Отпуштете ја ситуацијата. Префрлете го вниманието на нешто друго. Можеби потоа ќе се промени алгоритмот на дејството, ќе се промени пристапот или начинот на достигнување на целта, па ќе изгуби на актуелност. Во секој случај, не сега. Или не со тој човек. Или не со тоа работно место. Не во тие околности. Така ќе биде подобро за вас.

Дури и ако во тој момент е болно и случувањато ви изгледа неправедно, многу години подоцна, ќе му заблагодарите на животот затоа што ве зачувал од поголемо страдање. Кога не го поминав интервјуто за работа, бев огорчена. Потоа ќе слушнев на пример, дека кадровскиот директор во компанијата го менуваат секои шест месеци. Кога мојата симпатија не покажуваше интересирање, се јавуваше, пишуваше, но не ме повика да се видиме, бев во недоумица. Потоа дознавав дека живее со девојка во неразбирлив статус и нејасна врска. Кога не можев да го решам својот станбен проблем, бев бесна. По неколку години, стекнав двособен стан наместо еднособен. Сигурна сум дека ако мажот не ви предложи брак, иако го поттикнувате веќе подолго време, на долги патеки среќа нема да има.

Ќе дојде време, кога сите врати се отвораат, ако знаете каде треба да одите. Или не се отвораат- ако е поздраво и посреќно да не одите таму.

извор: tayni-mirozdaniya.ru

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: