Дали точно знаеш во кој момент ја изгуби? Можеш ли да го одредиш точниот датум кога сјајот на нејзината насмевка е заменета со изразот на разочарување? Тоа не беше тогаш кога чудно се погледнавте, ниту кога нервозно се сопнуваше од другата страна на ноќниот клуб за да дојдеш до неа. Не беше ниту тогаш кога едвај прозборе еден збор, ниту кога повторуваше глупи фрази кои илјада пати ги слушна. Ја изгуби многу пред тоа…
Ја изгуби секое утро кога се будеше правејќи ги истите рутински работи како и сите претходни години, бидејќи си премногу ‘терсене’ во својата глава за да забележиш колку си мизерен.
Ја изгуби оној момент кога престана да се трудиш ‘утре’ да бидеш малку подобар човек од ова денес и почна да вложуваш труд во тоа само да не бидеш полош од она што беше вчера.
Ја изгуби оној ден кога престана да ги работиш работите кои ги сакаш, плашејќи се од последици.
Ја изгуби оној ден кога своите желби и страсти ги стави на чекање за да го следиш планот кој друг ти го зададе. Ја изгуби кога престана да се прашуваш ‘што навистина сакам да правам?’ и почна да прашуваш ‘Што треба да правам?’
Ја изгуби секој пат кога ги пропушти животните прилики само затоа што така ти било полесно, отколку да скокнеш во огнот и да го подметнеш својот грб
Ја изгуби секој пат кога на работа те омаловажуваа, бидејќи немаше храброст да се спротиставиш и да се заземеш за себе.
Не ја губиш кога пелтечиш додека со неа се запознаваш, туку кога го живееш својот живот така да се’ што имаш да и’ кажеш се глупи фрази кој си ги собрал од некои интернет гуруа.
Не ја губиш кога таа ќе го фати твојот чуден поглед, туку кога својот живот го трошиш за да се грижиш што другите мислат, дека единствено што умееш е да и’ испратиш безвезен поглед кој за неа е непријатен.
Не ја губиш кога ќе ги исцрпиш сите теми за разговор, туку кога живееш живот кој не ти дава теми за кои можеш да разговараш.
Не ја губиш кога смотано и’ приоѓаш, туку кога живееш по туѓи мерила и правила.
Твој проблем во односот со жените не исчезнува во тие неколки секунди колку што ти е потребно да се обидеш да стартуваш и да бидеш одбиен. Твојот проблем постои затоа што тоа го негуваш цел живот. Живееш досадна рутина и се прашуваш зошто твоите приказни се досадни. Му дозволуваш на другите да ти го кројат животот, а се чудиш зошто не можеш да и’ се доближиш на некоја жена. Пушташ стравот да ти ги диктира животните избори, а потоа се прашуваш зошто си толку нервозен. Цел живот постапуваш по туѓи правила, а се прашуваш зошто толку ти е важно што мисли таа. Ако немаш успех кај жените, тоа не е затоа што имаш проблем со жените, Ти имаш проблем со начинот на кој го живееш животот.
извор: zenski
Leave a Reply