Познатиот психолог Дејл Карнеги го знае точниот рецепт за среќа

Еве како писателот, психологот и педагог Дејл Карнеги размислуваше и живееше по принципот- ‘Во светот нема лоши луѓе. Постојат само непријатни околности кои можат да се променат. Само треба да се смени односот кон нив. Затоа поради непријатните околности не треба да се расипува животот и расположението на околината’.

На неговите совети никој никогаш не останал рамнодушен и навистина вреди да се прочита и примени.

1. Стравот постои само во вашиот ум и никаде повеќе.

2. Однесувај се како да си среќен и ќе бидеш среќен.

3. Секој човек барем пет минути е будала дневно. Вистинската мудрост се сведува на тоа тој временски лимит да не се прекорачи.

4. Ако судбината ти подари лимон, направи од него лимонада.

5. Научете да се ставите во положба на друг човек и да сфатите што му е потребно нему, а не вас. Цел свет ќе биде покрај оној кој ќе успее тоа да го направи.

6. Бидете зафатени. Тоа е најевтиниот лек на светот и еден од најефикасните.

7. Ако посакате да промените некого почнете од себе. Тоа е покорисно и побезбедно.

8. Замисли ги најлошите последици кои можат да се предизвикаат од твојата постапка, однапред помири се со нив и потоа делувај.

9. Насмевката не чини ништо, а многу вреди.

10. Многумина го бараат лекарот кога им е потребна публика.

11. Луѓето не ги интересираме ниту јас, ниту вие. Наутро, напладне и навечер тие се занимаваат само сами со себе.

12. Кога човекот ќе почне војна против самиот себе, тој веќе вреди нешто.

13. Јасно е дека вашиот маж има недостатоци, но ако мислите дека е светец, во тој случај никогаш немаше да му бидете жена.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: