Понекогаш нема смисла да објаснуваш. Човекот совршено знае што направи. Оклевети, предаде, ограби, унесреќи на некој начин. Потребно е да се објасни тогаш кога постои барем најмала шанса врската или односот да се продолжи. Кога личноста е вредна и драга, но направи грешка која е можно да се исправи. Во други случаи е најдобро да си замине тивко без многу зборови. И да се прашуваат: ‘Што се случи?’
А всушност, што се случи? Можеби се случи она што не треба, што ве повреди, а вие му понудивте разговор за тоа нешто што ве мачи, можеби се обидувавте да комуницирате, а тие пак само слегнуваа со рамењата и ве сметаа за ‘луди’, дека не сте нормални. И вие сфаќате дека не можете ништо да направите, дека не е вредно, бидејќи нема да ја смените ниту ситуацијата, ниту личноста, а ниту таа ќе се промени себеси..
Тогаш одлучувате да заминете, тивко и без многу трошење на енергија. Бидејќи не сакате да се преправате дека е се’ во ред, кога очигледно не е. Вие не сте измамник, ниту фолирант. Тоа е другата страна. Ако другата страна згреши, тие добро ја знаат грешката. Но, се надеваат дека без проблем ќе преминете преку се’.
Што се случува со нив кога ќе почнете да се повлекувате? Тие остануваат сами со својата совест; а тоа боли. Престапникот, оној кој погреши, кој ве повреди останува да се бори со своите лоши мисли, со својот ум кој нема мир. Кога тивко ќе си заминете- тоа за нив е страшна казна. Бидејќи останува сам. И со Бог од кој ќе почне да се плаши. А неговата лага е бескорисна, повеќе нема личност која ќе биде жртва на тоа и нема никој кој може да се претвора дека е се’ во ред. И нема никој од кој може да бара простување, нема повеќе жртва која ќе ја прави наивна.
Не ве навредиле и повредиле само вас, го навредиле и Бог. А тоа ги боли, многу ги боли. Ги боли бидејќи се ‘разоткриени’ и одеднаш напуштени и оставени на милост и немилост на сопствената совест, бидејќи тогаш почнува да ги сече оштро сознанието за сопствената немоќ.
Leave a Reply