Ако престане да ви се јавува и да праќа пораки направете една од овие 7 работи

Една од работите која најмногу фрустрира во една врска е ситуацијата кога ќе сфатите дека вашиот партнер одеднаш исчезнува, а никој не знае каде. А ако не се јавува и не праќа пораки, тоа може да ве излуди. Значи, дефинитивно тој ве избегнува. Што да правите? ‘Трезвениот’ дел од вашиот мозок сака да верува дека се случило нешто неизбежно ( но не и опасно). Но, другиот дел од мозокот, оној ‘паничниот’ го претпоставува најлошото сценарио, а поради кое се чувствувате отфрлено. Што треба да се направи ако мажот престане да обрнува внимание на вас? За почеток предлагаме неколку совети.

1. Престанете да го бомбардирате со пораки. Ако некој не ви одговори, бомбардирање со пораки е најлошата работа која можете да ја направите..Ова е најлесен и најбрз начин да го отфрлите од себе. Јасно е дека недостатокот на повратни информации може да смета, но никој не го притискајте со пораки и повици. Посебно не по социјалните мрежи. Не им пишете на неговите пријатели за да проверите дали е со нив. Тоа само зборува за вашиот очај и ве прави по малку ‘будали’.

2. Пратете му една единствена порака. Нема ништо лошо во тоа еднаш или два пати да прашате како е. Ако не ви одговори на порака во рок од три дена или да ви каже дека ќе се јави, а никогаш тоа нема да го направи, пратете му уште една неформална порака. Користете едноставен тон. Ако му напишете некој луд текст, полн со барања, тој дефинитивно нема да одговори на него.

3. Ако е можно, подобро е лично да се сретнете. Обидете се лично да го видите. Тогаш ќе можете да ги почувствувате неговите вибрации и расположение. Тоа исто така ви дава прилика да се дотерате за да го привлечете неговото внимание. Сите мажи визуелно го перципираат светот (како и жените, но овде не се работи за жените) и понекогаш им треба пријателски потсетник колку сте фантастични. По неговото необично однесување или фактот дека ве избегнува, ќе знаете дека нешто не е во ред.

4. Бидете внимателни на кој му се жалите. Јасно е дека ве вознемирува и буквално ве излудува. Но, внимавајте на кој ќе му ја отворите душата. Не жалете се кај заеднички пријатели, бидејќи вашите зборови можат да дојдат до вашиот партнер, што може само да ја влоши драмата и да биде уште полошо.

5. Не објавувајте за тоа на социјалните мрежи. Нема потреба својот личен живот да го ставате на јавно прикажување. Ова се однесува на вас и него, на никој друг. Не објавувајте лоши коментари, иако се надевате дека ќе стигне до него, тоа само ќе ја покаже вашата незрелост.

6. Немојте само да седите и да чекате. Кога мажот ве избегнува, влегувате во опсесија додека само седите, го вртите телефонот во рацете и ја чекате неговата порака. Било како било, не чекајте со скрстени раце. Живејте го својот живот и обидете се да ги потиснете мислите за него.

7. Продолжете и прифатете ја загубата. Ако никогаш не обрнува внимание на тоа што правите, едноставно заборавете на него и тргнете напред. Ако престанете да му посветувате доволно внимание и само сте фокусирани на својата работа, ќе му пренесете порака многу подобро од било која текстуална порака. Ако не ве почитува доволно да ви одговори, тогаш не е вреден ниту за вашето време…

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: