Запомни добро- Ти никогаш не губиш!

Не го губиш она што ќе го испуштиш, не губиш ниту тогаш кога даваш, не губиш ниту тогаш кога сакаш тоа да го изгубиш. Можеби сите луѓе ќе се собираат околу тебе да гледаат како страдаш, да ги утешат своите души и да ја смират совеста. Но не гледаат се’ она што гледаш ти.

Токму во тие моменти кога имаш најмалку луѓе околу себе, ти си најбогат. Токму во моментите кога се’ ти се лизга низ раце, сфаќаш дека тоа ‘нешто’ заминува бидејќи Бог ги зема во свои раце. Токму во тие тешки ноќи, пронаоѓаш нешто што долго бараш и токму тогаш, како магија се’ ќе се совпадне.

Ако веруваш во тоа, маѓионичарот сам ќе се појави, но немој да молчиш додека е пред тебе, само изговори ги тогаш сите свои желби. Не губиш никогаш, само оние пакосните и злобните.

Јована

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: