Зошто ти недостасувам…

Никогаш не те излагав. Никогаш не се преправав дека сум нешто што не сум, никогаш не ги одбегнував твоите прашања, никогаш не изговорив нешто што не го мислев. Секогаш бев искрена со тебе за се’ и не мораше да се грижиш дали те изневерувам, бидејќи ми веруваше.

Бидејќи никогаш не те заведував со лажни надежи. Никогаш не ти ветив нешто што не можев да го исполнам. Никогаш не зборував за иднината која не ја гледав и никогаш не со играв со твоето срце, ниту со твојот ум. Секогаш знаеше какви ќе бидат постапките после моите зборови и знаеше дека секогаш ќе го одржам својот збор.

Јас бев тука за тебе. Можеше да ме повикаш доцна во ноќта, да ми раскажеш за случувањата на работа, за своите семејни проблеми, останував со тебе во текот на твоите досадни денови и осамени вечери.. Бев покрај тебе и за време на болните разговори и во време на тишина. Секогаш бев покрај тебе кога ти требав, а за тоа не требаше да ме молиш.

Те засмејував. Кога беше уморен или нерасположен, те засмејував и се смеев со тебе. Дури и кога бев тажна и кога не ми беше до смеење- те засмејував.

Јас те разбирав. Те разбирав кога беше ‘терсене’, твојата лажна насмевка, начинот на кој се однесуваше кога беше лут и кога беше опуштен. Ја сфатив твојата смиреност пред бура, ја разбирав твојата потреба за простор и слобода, тогаш кога тоа то беше потребно. Те разбирав и не ми требаше објаснување.

Јас ти бев засолниште. Јас бев она што те враќаше од твојот мрачен свет. Бев ‘слатка порака’ во работно време. Бев ‘поддршка наутро и повик’ пред презентација, бев ‘опуштена ноќ’, бев насмевка секогаш кога беше тажен.

Бидејќи ти простував. Ти го простував невниманието, себичноста, повлеченоста, грубите зборови и фактот дека понекогаш не можеше да ме разбереш. Ти ги простував работите за кои воопшто не беше виновен и за работите кои можеше да ги направиш поинаку, а не ги направи.

Бидејќи те прифатив. Онаков каков што си навистина, ја прифатив личноста која стои зад твоите маски. Ја прифатив твојата темнина, твоите мани, твоите слабости и твојата несигурност. Те прифатив со сето мое срце; и кога тоа беше невозможно.

Бидејќи ја пуштив ситуацијата и тргнав понатаму. Повеќе не сум со тебе, не можеш повеќе да ми се доближиш, не можеш да ми се јавиш, не можеш да ме поканиш на вечера, не можеш да разговараш со мене кога имаш проблем и повеќе не можеш да сметаш на мене, бидејќи знаеш дека можам сама. Ти недостасувам бидејќи се плашиш дека ќе најдам некој подобар од тебе.

извор: uniqorner

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: