Срце или разум?

Кога ќе и’ се препуштите на страста, ризикувате многу. Кога ќе и’ се препуштите на страста, играте опасна игра. Бидејќи колку добивате, толку и губите. Неважно, дали е во прашање љубов или работа, ако сте влегле во тоа толку страствено, ретко кој ќе може тоа да го сфати, ретко кој тоа може да го разбере.

Затоа луѓето доаѓаат до големи искушенија. Но, што е најдобро да се направи? Ако срцето нешто силно посакува, а разумот на тоа се противи? Дали треба да се повреди срцето и да се слуша умот или обратно? Во таква игра, една страна секогаш губи.

Срце или разум? Што ако љубовта е грешна, а вашето срце е така гладно или работата има големи предизвици, а срцето е подготвено на се’. Кој ќе го послушате? Кој ќе го нахраните?

Луѓето не треба да ги обвинувате, треба да ги разберете. Секој минува низ многу искушенија, но никој секогаш не одолева на се’ што му се нуди. Затоа, пред да го обвините некој, прво обвинете се себеси. Многу е лесно да зборувате за туѓите работи, а своите вешто да ги криете.

Јована

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: